Автор Тема: Автолимарски и автолакерски сервиси и работилници  (Прочитано 169656 пати)

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Одг: Автолимарски и автолакерски сервиси и работилници
« Одговори #180 на: 21 Ноември 2018, 13:58:29 pm »
ОВа да не ти се верува дека е воопшто можно вака да се „поправи“.

Ова треба на билборд пред Богдановски да стојат сликиве.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Автолимарски и автолакерски сервиси и работилници
« Одговори #181 на: 21 Ноември 2018, 14:13:28 pm »
Преку адвокат идеше решавање на штетата во Евроинс?

Не. Зоил си исплати штета, а возилото е правено приватно во Богдановски бидејки се лимарски сервис на Мазда.

Заборавив дека штетата не беше во Евроинс. Уште полошо излегло чим преку овластен го добил ова како "поправка".

Треба сега да ги тужи Богдановски за одлично извршена работа :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Автолимарски и автолакерски сервиси и работилници
« Одговори #182 на: 21 Ноември 2018, 14:16:34 pm »
A како се дозна за далаверава?

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Автолимарски и автолакерски сервиси и работилници
« Одговори #183 на: 21 Ноември 2018, 14:24:02 pm »
Ова е ужас, се дешава сообраќајка јебига ама кој кур мора да ми го поправа оштетениот дел. Нов дел си сакам и готооо бе бате ..

Отсутен iki

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 18
Одг: Автолимарски и автолакерски сервиси и работилници
« Одговори #184 на: 21 Ноември 2018, 14:45:03 pm »
A како се дозна за далаверава?
Колата ја маткаа 4 месеци кај нив и се беше во завиена форма (излажано: аха утре ја фаќаме). Кога рекоа готова е, со првиот дожд гепекот беше полн со вода, и изговорот беше "тоа ти е знаеш многу беше удрена...". Удрена да ама платено за да биде направена а не подисправена и замачкана. Кога купив гепек и го заменив тогаш видов колку е саат и колку уствари колата е искривена па решив да видам какво све сра,,,е имаат направено. Договорот (усмен за жал) беше да се направи со половни здрави а не искривени и искршени делови. Ке постирам и за предница ама за тоа подоцна ко ќе дојде на ред.
Директно засегнатиот  >:(

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Автолимарски и автолакерски сервиси и работилници
« Одговори #185 на: 21 Ноември 2018, 15:12:49 pm »
Случајов треба да се прикаже и во Мазда, да видат со кого имаат склучено договор (ако добро разбрав) за лимарски работи.

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2810
Одг: Автолимарски и автолакерски сервиси и работилници
« Одговори #186 на: 21 Ноември 2018, 16:10:10 pm »
Случајов треба да се прикаже и во Мазда, да видат со кого имаат склучено договор (ако добро разбрав) за лимарски работи.

Само ова. Директ во мазда, документирано и да знаат како го работат нивниот бренд.

Отсутен iki

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 18
Одг: Автолимарски и автолакерски сервиси и работилници
« Одговори #187 на: 21 Ноември 2018, 16:24:05 pm »
Јас ги алармирав повеќе пати ама за жал во Мазда знаат дека се преваранти, и они се со изговор дека во Скопје немало друг сервис кој ќе им завршел работа итно по повик. Е сега фоткиве ги немаат видено ама ке ги видат ова е врвот.

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2810
Одг: Автолимарски и автолакерски сервиси и работилници
« Одговори #188 на: 21 Ноември 2018, 16:31:04 pm »
Мислев на централа Мазда, не нашиве. Пиши мејл со слики со се, објасни се и мислам дека ке реагираат. Така еден пријател имаше некој проблем со лансерот и во мак аутостар му рекле дека незнам, некој дел требало да се мења ама требал ода си го плати, не бил опфатен со гаранција, овој им прати мејл, незнам како нашол кој е одоговорен за европски пазар и после недела дена му се јавија од мак аутостар да дојде на сервис да му го сменат.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Автолимарски и автолакерски сервиси и работилници
« Одговори #189 на: 21 Ноември 2018, 18:37:10 pm »
Којзнае уште колку има вакви што не приметиле. Мада ова личи ко на прва дупка дека китов ќе испука, господе боже.
Згора на сите глупости дури и лимот позади браникот не го офарбале и не испеглале (100 gr. боја) "ај бе тука браник иде, не се гледа", класична македонштина.

Јас се чудам како му носат Масерати и други слични аута на фарбање таму. Вајарско студио Богдановски.
Сликиве треба да се рашират на што повеќе луѓе и веќе да им се стави крај на овие преваранти, се напунија пари на овој начин.
А прво да се пратат во Mazda Europe или кој и да е надлежен за ова наше труло парче земја.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1389
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Автолимарски и автолакерски сервиси и работилници
« Одговори #190 на: 21 Ноември 2018, 18:45:57 pm »
Со оглед дека е настанат договор во кој не е инволвирана Мазда МК, како овластен увозник на Мазда, не постои реална можност за пријава кон централата на Мазда.
Поправката на ова возило не е направено по препорака на Мазда МК, туку по лична одлука и договор помеѓу Богдановски и корисникот, и секако е земено во предвид дека повеќето поправки на Мазда возила се прават токму таму па така е донесена и одлуката.

Ова треба да е дека е доволен пример, Мазда МК да се замисли каде сугерира поправка на возила, кога тоа е случај, а секако и Осигурителните куќи. Од друга страна, Мазда МК има свој стандарден сервис но нема свој авотлакерски и автолимарски сервис, што можеби е причина за потенцијално одвраќање на купувачите од купување на Мазда како бренд.
Од трета страна, можеби бројките на продажба не дозволуваат поголема финансиска инвестиција во поддршка на брендот.

Да сум на местото на Мазда МК, итно би го сменил сервисот, и би побарал подобра алтернатива, иако генерално во МК е вистинска реткост да најдеш нормален човечки лакеро-лимарски сервис.


Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4768
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Автолимарски и автолакерски сервиси и работилници
« Одговори #191 на: 21 Ноември 2018, 19:31:04 pm »
Сакав браниците да ми ги шприцнат заради гребаници ама нема шанси да дадам на локален молерај, скоро секој се жали од МК автолимар/лакер....дури и од М-Кар, разбирам мајстори во гаража/двор што фарбаат ама сервиси по препорака на увозник со вакви пропусти??? Греота тие што мораат.


Отсутен Rammlied

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 325
Одг: Автолимарски и автолакерски сервиси и работилници
« Одговори #192 на: 21 Ноември 2018, 19:37:10 pm »
Дома у гаража да ја исправаш ќе ја направиш подобро од гипсариве. Срамота. А на фејсбук се фалат мислиш најдобри на балканот се.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Автолимарски и автолакерски сервиси и работилници
« Одговори #193 на: 21 Ноември 2018, 20:07:25 pm »
Полирањето ја еба цела автолакерска наука, барем овде кај нас. Неможе бе кола фарбана у комора да искочи со залепени мушички, прашинки и слично, едноставно не оправдувачко е. И он ти ја вади од комора, шмиргла, мава полирката и изволте...
Па незнам што у комора ја фарба ондак, што се става у трошок.
За гипсариве погоре, знаев дека се забушанти, ама до волку не ми се веруваше. Овие јајце за велигден да ти фарбаат, кршаче ќе биде.



Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1885
Одг: Автолимарски и автолакерски сервиси и работилници
« Одговори #194 на: 21 Ноември 2018, 20:11:39 pm »
Овие Богдановски треба да се преименуваат во "Слаткарска и автолакерска работилница Богдановски".

Срамота е ова што го направиле, а верувам и на многу други им го направиле ова и полошо. Кола правена кај овие во преден дел, има 0 ѕвезди на краш тест.

Во Прилеп има 2ца добри автолимари кои многу ги фалат, но далеку ви е до таму да одите. Кај едниот GodOfSpeed го има шприцано Пробето и мислам дека беше задоволен.
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!