Колку што знам, здравствена книшка е валиден документ за идентификација во медицински установи. Не се смета за документ за идентификација како што се смета лична карта, рецимо.
Да точно...Меѓутоа кај нас у државава ако ја немаш, можеш и со здравствена некогаш да завршиш работа, ама кај нас...
Плус, личната карта е на два јазика, здравствената книшка на Македонски. Соодветно на тоа, здравствената книшка не е валидна во ниедна друга држава каде што Македонскиот јазик не е во упореба.
Личната карта да, здравствената мислам дека само бројот ти е битен од осигурувањето, но тоа не е предмет на дискусијава...
Колку што знам, и изводот од матична книга на родени е на Македонски.
Постој и меѓународен извод од МК на родени, така да тој е валиден и надвор од границите на државава. Се користи за издавање на документи во странство, конкретно јас го вадев за документите во Србија, државјанство, ЛК итн итн...

Значи, ако договорот е лична карта и/или пасош, тогаш валиден документ за со Србија е лична карта и/или пасош. Нема зашто би бил валиден документ извод од матично на родени, здравствена книшка, слободна за автобус, итн..
Точно, во право си, но не секогаш е така како што е кажано...
Документ за лична идентификација не е пасош, а се користи како таков, нели?
Тоа е исто толку противзаконско како и користење на извод од матична или здравствена или слободна карта....Сите овие наведени имаат иста тежина односно секој си има намена...
Пасош - патна исправа.
Извод - извод од матична книга на родени за потврда на сите податоци на една личност.
Месечна или слободна карта - превоз на лице, нешто како патна исправа ке му дојде...
Еден и единствен документ за лична идентификација е лична карта и ниедно друго од претходно набројаното...
У овој случај, ако веќе го тераме муабетот за малолетни лица кои немаат документ за лична идентификација, а тоа е лична карта, како ке биде легитимирано некое малолетно лице и кој ќе биде неговиот валиден документ за истото да го потврди...??
Реков јас државава ни е безвезе, ама ај...
На здравствена книшка можеш да смениш фото кога сакаш, не е легитимен документ освен во јавна здраствена установа! Кога ке ги напраат сега електронски како личните карти може да помине инаку сега со тоа тефтерот нема шанси!
Пасош треба!
Точно...Здравје ке видиме што ке бидне

Него дефинитивен заклучок е дека за да се помине граница е потребен пасош...