Автор Тема: Патување во Србија со малолетно дете без пасош?  (Прочитано 8123 пати)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6190
  • 69
Како што гласи насловот.
Дали има некој сознание дали може да се патува со мало дете доколку истото не поседува пасош, односно дали може да помине граница без пасош? Нели може да се патува со лична карта, значи документ за лична идентификација, па логично е за малолетно дете да биде доволен извод од матична книга на родени или пак здравствена книшка која ги содржи сите лични податоци вклучувајќи и слика.
Детето ќе патува со двата родители и е помало од 2 години ако тоа нешто значи :)

Дали некој има сигурна информација за прашањево, или пак знае точна адреса на која може да се обратиме и да прашаме?
Зошто за вакво прашање никој ништо не знае и се чуди.

Фала многу.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7080
Одг: Патување во Србија со малолетно дете без пасош?
« Одговори #1 на: 19 Март 2013, 09:06:44 am »
Мислам дека каде и да прашаш кај локалниве нема да добиеш сигурен одговор како кај некој полицаец на граница.

Ма да шансите за тоа ми делуваат мали бидејќи изводот од матична книга/здравствената книшка не е документ за индентификација а со тоа би отпаднала можноста како замена за пасошот.

http://www.mvr.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=184&parent=100
http://www.mvr.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=427

Еве мало инфо за малолетни лица.

Отсутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1223
Одг: Патување во Србија со малолетно дете без пасош?
« Одговори #2 на: 19 Март 2013, 09:15:38 am »
Или со пасош или со лична карта, ако нема лк, пасош

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6190
  • 69
Одг: Патување во Србија со малолетно дете без пасош?
« Одговори #3 на: 19 Март 2013, 09:33:28 am »
Глупав ми е моментот да треба мало дете да има пасош ако јас можам да поминам граница со лична карта...Ако не треба пасоши за полнолетни лица, која е глупоста за малолетни лица да треба да вадиш пасош ако е режимот без пасоши?
Ипак извод е валиден документ издаден од држава.
Лична карта е исто така документ за лична идентификација а не патна исправа...
Бог да чува ни е државава...
Сакам да се информирам на време за да можам благовремено да поднесам барање за пасош ако е неопходно...Али искрено се чудам на контрадикторностите у абортусов од држава...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29791
    • CARclub.mk
Одг: Патување во Србија со малолетно дете без пасош?
« Одговори #4 на: 19 Март 2013, 09:42:26 am »
Ја не гледам што е тука нејасно?

Има договор со Србија за да можеме да поминуваме граница со лична карта. Многу соседни држави имаат таков договор.

Лична карта е обавезна ако имаш повеќе од 18 години. Бебето нема 18 години. Ако сакаш можеш и сега да му извадиш лична карта, ама по закон штом е извадена, ќе мора секаде со себе да ја носи. That could be a problem.

Пошто бебето нема лична карта (кој како што и самиот кажуваш, е документ за идентификација), за да пројде граница му треба некаков документ со кој ќе може да се идентификува. Тоа значи пасош. Како би прошло бебето и без лична карта и без пасош? Од кај ќе знаат на граница дека е ваше, односно дека не сте го ќариле од комшијата и одите да го продадете за резервни делови?

За мене е сосема логично бебето да си има пасош.

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Патување во Србија со малолетно дете без пасош?
« Одговори #5 на: 19 Март 2013, 09:44:43 am »
Пасош мора друже, пошто не издаваат лична карта на деца како шо рече Зеро, само пасош!

Ја го носев малиот на два месеца у грција а на 6 месеци у Србија и ми побараа пасош!

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Патување во Србија со малолетно дете без пасош?
« Одговори #6 на: 19 Март 2013, 09:46:25 am »
Али искрено се чудам на контрадикторностите у абортусов од држава...

Сале ме изненадуваш.

Ај да не живееш тука па да се чудиш, ама вака :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6190
  • 69
Одг: Патување во Србија со малолетно дете без пасош?
« Одговори #7 на: 19 Март 2013, 09:49:08 am »
Извод од МК на родени, + здравствена книшка која ги има сите податоци како и ЛК освен број на ЛК, која и не може да го има...
Пошто и тоа е валиден документ за лична идентификација...

Зеро, ова што го кажа е ок, но да видиме, може некој има конкретна информација како поминал граница без пасош :)

Е во меѓувреме Спортекс пошто одговори, за Грчка е ОК, но прашувам заради договорот со Србија...Дали да се згнам да си извадам пасош или па има поедноставна опција одколку мрцварење со нашава организација за документација :)

Изгледа дека кај нас наједноставна опција е онаа најкомплицираната  :D
Како и по обичај  ;D

@Banzai
А бе се навикнав малку поразлично да размислувам и наидов на проблеми...
Изгледа за да функционираш тука треба да си типикус македоникус...

Повторно ке ги спомнам 9-те колена :)

едит:
Се изначитав на сајтот на МВР прашања од ваков тип сега пред малку, и дојдов до заклучок дека за малолетно дете да помине граница со Р.Србија му е потребен валиден биометриски пасош...

Цитат
Прашање:
Ќе ве молам да ми кажете деца до 7 гоишна возраст за да патуваат во Србија и Црна Гора дали им е потребен пасош или некој друг документ , за возрасни лица е со биометриски пасош или лична карта , а како е за деца?
Одговор:
Почитувана, за малолетни лица потребен е биометриски пасош.

Така да тоа е конечниот одговор :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Патување во Србија со малолетно дете без пасош?
« Одговори #8 на: 19 Март 2013, 09:56:08 am »
И Србендо ми побараа пасош, е сега тоа беше пред една година и кусур не знам кога е потпишана спогодбава со Србите?

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Патување во Србија со малолетно дете без пасош?
« Одговори #9 на: 19 Март 2013, 10:01:58 am »
Како ќе го идентификуваш бебето со извод од матично кога на него нема фотографија?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29791
    • CARclub.mk
Одг: Патување во Србија со малолетно дете без пасош?
« Одговори #10 на: 19 Март 2013, 10:03:25 am »
Колку што знам, здравствена книшка е валиден документ за идентификација во медицински установи. Не се смета за документ за идентификација како што се смета лична карта, рецимо.

Плус, личната карта е на два јазика, здравствената книшка на Македонски. Соодветно на тоа, здравствената книшка не е валидна во ниедна друга држава каде што Македонскиот јазик не е во упореба. Колку што знам, и изводот од матична книга на родени е на Македонски.

Значи, ако договорот е лична карта и/или пасош, тогаш валиден документ за со Србија е лична карта и/или пасош. Нема зашто би бил валиден документ извод од матично на родени, здравствена книшка, слободна за автобус, итн..

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Патување во Србија со малолетно дете без пасош?
« Одговори #11 на: 19 Март 2013, 10:09:21 am »
На здравствена книшка можеш да смениш фото кога сакаш, не е легитимен документ освен во јавна здраствена установа! Кога ке ги напраат сега електронски како личните карти може да помине инаку сега со тоа тефтерот нема шанси!

Пасош треба!

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6190
  • 69
Одг: Патување во Србија со малолетно дете без пасош?
« Одговори #12 на: 19 Март 2013, 10:23:42 am »
Колку што знам, здравствена книшка е валиден документ за идентификација во медицински установи. Не се смета за документ за идентификација како што се смета лична карта, рецимо.

Да точно...Меѓутоа кај нас у државава ако ја немаш, можеш и со здравствена некогаш да завршиш работа, ама кај нас...

Плус, личната карта е на два јазика, здравствената книшка на Македонски. Соодветно на тоа, здравствената книшка не е валидна во ниедна друга држава каде што Македонскиот јазик не е во упореба.

Личната карта да, здравствената мислам дека само бројот ти е битен од осигурувањето, но тоа не е предмет на дискусијава...

Колку што знам, и изводот од матична книга на родени е на Македонски.

Постој и меѓународен извод од МК на родени, така да тој е валиден и надвор од границите на државава. Се користи за издавање на документи во странство, конкретно јас го вадев за документите во Србија, државјанство, ЛК итн итн...
:)

Значи, ако договорот е лична карта и/или пасош, тогаш валиден документ за со Србија е лична карта и/или пасош. Нема зашто би бил валиден документ извод од матично на родени, здравствена книшка, слободна за автобус, итн..

Точно, во право си, но не секогаш е така како што е кажано...
Документ за лична идентификација не е пасош, а се користи како таков, нели?
Тоа е исто толку противзаконско како и користење на извод од матична или здравствена или слободна карта....Сите овие наведени имаат иста тежина односно секој си има намена...
Пасош - патна исправа.
Извод - извод од матична книга на родени за потврда на сите податоци на една личност.
Месечна или слободна карта - превоз на лице, нешто како патна исправа ке му дојде...

Еден и единствен документ за лична идентификација е лична карта и ниедно друго од претходно набројаното...
У овој случај, ако веќе го тераме муабетот за малолетни лица кои немаат документ за лична идентификација, а тоа е лична карта, како ке биде легитимирано некое малолетно лице и кој ќе биде неговиот валиден документ за истото да го потврди...??
Реков јас државава ни е безвезе, ама ај...

На здравствена книшка можеш да смениш фото кога сакаш, не е легитимен документ освен во јавна здраствена установа! Кога ке ги напраат сега електронски како личните карти може да помине инаку сега со тоа тефтерот нема шанси!

Пасош треба!

Точно...Здравје ке видиме што ке бидне :)

Него дефинитивен заклучок е дека за да се помине граница е потребен пасош...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен negoznam

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 533
Одг: Патување во Србија со малолетно дете без пасош?
« Одговори #13 на: 19 Март 2013, 14:03:45 pm »
Точно, во право си, но не секогаш е така како што е кажано...
Документ за лична идентификација не е пасош, а се користи како таков, нели?
Тоа е исто толку противзаконско како и користење на извод од матична или здравствена или слободна карта....Сите овие наведени имаат иста тежина односно секој си има намена...
Пасош - патна исправа.
Извод - извод од матична книга на родени за потврда на сите податоци на една личност.
Месечна или слободна карта - превоз на лице, нешто како патна исправа ке му дојде...

Еден и единствен документ за лична идентификација е лична карта и ниедно друго од претходно набројаното...
У овој случај, ако веќе го тераме муабетот за малолетни лица кои немаат документ за лична идентификација, а тоа е лична карта, како ке биде легитимирано некое малолетно лице и кој ќе биде неговиот валиден документ за истото да го потврди...??
Реков јас државава ни е безвезе, ама ај...

Пасошот е меѓународна патна исправа и како таква исто претставува и валиден документ за идентификација, затоа што го издава овластена институција(мвр) која што истотака ги издава и личните карти. Другиве наведени работи никако не можат да послужат како средство за идентификација. Така да (барем во овој поглед) државата не е ништо крива, туку напротив со тоа што детето мора да има пасош го заштитува истото од некои ситуации(пу пу не дај боже).

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Патување во Србија со малолетно дете без пасош?
« Одговори #14 на: 19 Март 2013, 20:58:34 pm »
Него дефинитивен заклучок е дека за да се помине граница е потребен пасош...

ииии каква констатација еј... хахахаха





извини брат, морав... смешно ми падна... ама лошо го напиша ти... знам дека е во контекст на претходниот муабет за детето и дека на тоа мислеше дека треба пасош... :)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време