Автор Тема: Градина  (Прочитано 156691 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Градина
« Одговори #45 на: 21 Октомври 2014, 15:37:18 pm »
Овде нешто подобро се објаснети разните видови и хибриди на Пауловнија:
http://translate.google.com/translate?hl=en&sl=es&u=http://plantarpaulownias.blogspot.com/2013/10/hibridos-2.html&prev=/search%3Fq%3DPaulownia%2BTamea%26safe%3Doff%26client%3Dpalemoon%26sa%3DX%26rls%3DPalemoon:en-US%26channel%3Drcs%26biw%3D1188%26bih%3D720


Ова ми изгледа како најприкладно за декоративно дрво:
TF 01    Paulownia tomentosa hybrid. The variety is resistant to -25 ° С represents a very good decision for ornamental plants that could be used in gardens, parks and other such plants for landscaping. The tree has a trunk with many branches and a large crown with many flowers in spring, ranging from pink to purple.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Одг: Градина
« Одговори #46 на: 21 Октомври 2014, 21:23:23 pm »
незнам како се со корења ама и коштанот има екстра сенка.

Отсутен Pistorij

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 984
  • ECU rejected...
Одг: Градина
« Одговори #47 на: 21 Октомври 2014, 21:44:21 pm »
пред 6 месеци купив авокадо, семката ја чував како што требаше и после ја засадив, сега има стебло со 10тина големи листови. Има некој колега што чува авокадо и да ми каже колкаво може да расте? моментално ми е во гоолема саксија.


Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Градина
« Одговори #48 на: 22 Октомври 2014, 00:56:15 am »
http://www.wikihow.com/Plant-an-Avocado-Tree

http://faq.gardenweb.com/faq/lists/seed/2002114535011263.html

Цитат
How tall will my avocado tree grow? An avocado tree is a medium to large tall tree. It can grow between 20 and 40 feet tall. With pruning, it can be kept at a much shorter height.

незнам како се со корења ама и коштанот има екстра сенка.

Од коштанот не паѓаат оние боцкавите топчиња?

The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Градина
« Одговори #49 на: 22 Октомври 2014, 01:02:39 am »
E dobro fati si vrski vo pivara i zemi si cador :)

не ми треба врски во пивара... си платив за таков чадор (2 комада) со логото од мојата фирма... :)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Градина
« Одговори #50 на: 22 Октомври 2014, 01:12:18 am »
Семето е намерно стерилизирано за да не се распространува, сепак се работи за тип на дрво кој е наменет за индустриска употреба, био-маса на гориво, градежна индустрија или пак како огревно дрво.

Има некој од форумџиите искуство/бизнис со ова?

имам јас искуство, но не лично. клиент мој засади вакви во козле. после 6 години ги исече, бидејки имаат плитки корени (не поткопуваат, не рушат, не подигаат) но се нестабилни при силни ветрови и имаше опасност врз куќа да му паднат. значи ги исече, почнаа да му растат од 5 до 8 комада по корен кај што биле. после 3 години викна со багер да ги откопаат, затоа што од нив нема спас... дрво кое се понаша како пузавец... тетовчанитеимаат еден збор за тоа...ТРСАЊЕ.. колку поише го сечеш и ништиш, толку поише се размножува и расте... едини спас од нив е копање со се корен. како црнец во маало е... еднаш ако го засадиш нема више спас од него. мора со радикални мерки да се справуваш или цел живот тоа ке ти го прави...

нешто слично јас имам проблем во викендицата со дудинка. имаше неколку, исечени, стари... секоја година по 10-тина нови растат од кај што беа корењата... и редовно ги кастрам до корен секоја пролет, а они се упорни... и дудинка релативно брзо расте, ама не до толку како ова... за 5 години пораснува околу 6-7 метри максимум во висина...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Градина
« Одговори #51 на: 22 Октомври 2014, 10:41:40 am »
А клиентот ги засадил за бизнис или за онака низ двор?

Јас лично за бизнис прашувам, имам 4000 м2 нива во близина па дреме така и мислам нешто да се прави со тоа. Ако ништо друго бар за мене за греење ;D

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: Градина
« Одговори #52 на: 22 Октомври 2014, 11:35:50 am »
Јас имам семе од пауловнија по чека слободно време за да го засадам,треба да набавам стиропорни садници и состав на земња малце е специфично дур да почне.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Градина
« Одговори #53 на: 22 Октомври 2014, 11:52:23 am »
Дали некој може да каже од која причина Липата, Јаворот, Оревот, подкреваат со корењата над земја?

Дали е причината можеби што нема вода надолу па тука ги шетаат корењата по вода поради врнењето - лупам!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Градина
« Одговори #54 на: 22 Октомври 2014, 12:05:51 pm »
Дали некој може да каже од која причина Липата, Јаворот, Оревот, подкреваат со корењата над земја?

Дали е причината можеби што нема вода надолу па тука ги шетаат корењата по вода поради врнењето - лупам!
Цврстината на самото дрво и продорноста на корењата создава притисок. На пример, имаш земја и сакаш да збрцаш шипка во неа (корен) таа шипка врши притисок врз твоите раце и не ти дава да ја збрцаш зошто земјата е тврда. Тој притисок кој те поткрева тебе го поткрева и дрвото нагоре (или на страна). Значи корените не растат во шуплина туку во земја. Таа земја несака да се тргне за да поминеш со ОНОЛКАВИ кореништа низ неа, и самото пробивање на коренот низ земјата врши контрапритисок нагоре. Затоа што дрвото притиска надоле со својата тежина за да ги пробие корењата, а земјата враќа со потисок нагоре.

Кога едно дрво ќе дојде до ѕид на куќа и натаму неможе да ги шири корењата свои, почнува да притиска накај ѕидот со силата на сите корења што се пробиваат на другата страна на дрвото. Зошто дрвото притиска ВО ОДНОС на ѕидот за да ги пробива корените на другата страна, тој притисок станува поголем и поголем низ годините и ѕитот како мртва материја ќе попушти. Само е прашање на време кога ќе попушти зошто тој не се регенерира и притисокот го крши полека-полека. Затоа изместува темели и крши ѕидови дрвото на страна ги бутка. Самото стебло (и целото дрво) низ годините ќе мрдне сантими накај ѕидот, значи масив од 30-200 тона дрво се мрда, та за еден мочан ѕид/столб/асфалт да не го мрдне. Без проблем.

Доколку дрвото е флексибилно и со мала крутост тогаш тој притисок неможе да се пренесе низ коренот. Морфологијата на корењата се дели на жилест и на ресест. Жилестиот има структука која лесно пренессува сила, а жилестиот има многу мала можност за пренос зошто се базира на голем број ситни корења, наместо на неколку поголеми. Погоден вид на корен (жилест) и голема цврстина на дрвото (орев) е резултат за огромен пренос на сила од коренот. Од тие причини оревот неможе да се запре, ќе бутка, ќе корне, ќе крши... Како и секој пастув.

За да ја сфатиш силата на коренот треба да знаеш дека дрвото е приближно симетрично нагоре и надолу, односно колку што е голема крошната - грубо тука некаде е со големина и коренот. А и морфологијата на гранката е слична со коренот.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Градина
« Одговори #55 на: 22 Октомври 2014, 14:50:11 pm »
А како тогаш жалната врба тера надолу со корењата и ги дупи бетонските цевки на канализацијата и ја затнува канализацијата? Викаат бара вода...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Градина
« Одговори #56 на: 22 Октомври 2014, 15:06:17 pm »
И знае дека водата е во цевките? :)

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Градина
« Одговори #57 на: 22 Октомври 2014, 16:02:39 pm »
Не е баш дека знае но тера надолу по вода, има случаеви каде има пробиено и затнато канилизациони бетонски цевки.
Најчесто врбите растат покрај Вардар и сакаат да се близу вода...

Продолжувам со потрагата...

Јаворите кои ги имаме тука во Кавадарци исто креваат ѕидови со корењата. Гледам јапонски Јавори на кои на есен лисјата им се во боја а не знам дали исто и тие се табиетлии со корењата?






Има Пауловнија со широко растечка круна, то ест не тера многу во висина а шири,

Е сега, или не тера во висина или треба да се кастри редовно, не знам. Дали можеби некој има инфо?





Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Градина
« Одговори #58 на: 22 Октомври 2014, 23:33:24 pm »
А клиентот ги засадил за бизнис или за онака низ двор?

Јас лично за бизнис прашувам, имам 4000 м2 нива во близина па дреме така и мислам нешто да се прави со тоа. Ако ништо друго бар за мене за греење ;D

за низ двор...

инаку, го гледав бизнис планот за 1 декар (1.000 квадрати) нива насадени со ова дрво. има таму ред, како да го садиш, со кое темпо, на која раздалечина дрн дрн дрн...  очекуван реален приход е околу 55-60.000 еура на секои 7 години. реално, како и се што е припремено од седачи на столче, на хартија е едно, во пракса е различно, но сериозно се подразмислив и јас, имам ниви што ми лежат така... нека е една третина од прогнозираното... имам околу 3 ХЕКТАРИ ниви на разни локации во принцип сите се околу тетово и тоа на една страна, само не дека ова е засади и заборави.. си има работа и ангажман и околу него... плус почнав да слушам негативности за ова дрво... утре ако решиш пак да биде тоа нива, може да заборавиш од таа идеја... кај си го засадил ова, тука завршува муабетот за обработливо земјиште...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен otrakan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 281
Одг: Градина
« Одговори #59 на: 22 Октомври 2014, 23:52:47 pm »
Јас да ви ја претставам мојата градина



;)