Автор Тема: Градина  (Прочитано 156631 пати)

Отсутен Marakana

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 886
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #30 на: 21 Октомври 2014, 01:12:16 am »
E dobro fati si vrski vo pivara i zemi si cador :)
Коме је суђено да буде јебан, том гаће саме падају

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #31 на: 21 Октомври 2014, 08:20:25 am »
Ван, Пауловнија се вика дрвото и за околу 7 год расте до 20м, мислам био плант ги продава кај нас а имаш и гарантиран откуп, ние ќе садиме околу дворното место на викендицата, колку да се обележи, садниците не се скапи, околу 3еур, има комшијата до нас, утре ќе одам да местам ламинат и ќе ги сликам, ако си во густо населено имај на ум дека дрвото треба и да се сече, а со тоа да има место и каде да падне. Не ти препорачувам такво за тебе, земи си нормално дрвце

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #32 на: 21 Октомври 2014, 11:14:55 am »
Ван, Пауловнија се вика дрвото и за околу 7 год расте до 20м, мислам био плант ги продава кај нас а имаш и гарантиран откуп, ние ќе садиме околу дворното место на викендицата, колку да се обележи, садниците не се скапи, околу 3еур, има комшијата до нас, утре ќе одам да местам ламинат и ќе ги сликам, ако си во густо населено имај на ум дека дрвото треба и да се сече, а со тоа да има место и каде да падне. Не ти препорачувам такво за тебе, земи си нормално дрвце
Објасни малку подетално ако можеш, јас немам слушнато дека има некој проблем со користење како украсно дрво. Не сум слушнал дека нешто не се стабилни како тополите, или дека имаат агресивни корења како бор/орев.

Или сакаш да кажеш дека расте многу големо?
Пошто тоа некој можеби и би му одговарало, и секако би требало да може да се регулира преку годишно висинско кастрење (на наместо во висина, ќе расте во ширина).

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #33 на: 21 Октомври 2014, 11:23:02 am »
не можеш да го кастриш, крошната му е секогаш на највисоко, стеблото е право пушка и нема никакви гранчиња од страна, сега знам дека се откупуваат за правење на мебел и дека животен циклус им е околу 7-8 години, потоа се сече и самото се регенерира и пак продолжува да расте. Кога го сечеш паѓа на земја нормално и треба да има каде да падне, а расте околу 20м. Утре ќе ти сликам како изгледаат 2 годишни дрвца, нас ни одговара да немаат сенка затоа што ќе правиме базен, а и имаме нешто ситно садено на едниот дел од дворот.




Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #34 на: 21 Октомври 2014, 12:20:19 pm »
не можеш да го кастриш, крошната му е секогаш на највисоко, стеблото е право пушка и нема никакви гранчиња од страна, сега знам дека се откупуваат за правење на мебел и дека животен циклус им е околу 7-8 години, потоа се сече и самото се регенерира и пак продолжува да расте. Кога го сечеш паѓа на земја нормално и треба да има каде да падне, а расте околу 20м. Утре ќе ти сликам како изгледаат 2 годишни дрвца, нас ни одговара да немаат сенка затоа што ќе правиме базен, а и имаме нешто ситно садено на едниот дел од дворот.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)



Интересно, мене ова ми личи на садници за индустриско садење добиени со методот на микропропагација. Или со други методи со кои се добиваат клонови.
http://en.wikipedia.org/wiki/Micropropagation

Ако посадиш дрво од семе, наместо од садница-клон, мислам дека ќе се добие стандардно дрво наместо оваков трупец како столб за електродистрибуција со понекое гранче. :)
Еве фотографии на што мислам, и овие се Пауловнија (или како веќе се изговара):










едит: печатна грешка
« Последно менување: 21 Октомври 2014, 12:32:39 pm Van »

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Градина
« Одговори #35 на: 21 Октомври 2014, 12:31:37 pm »
Овој тип не го знам, убаво изгледа кога цвети, еве ти повеќе за оваа индустриска да ја речам пауловнија
http://bioplant.mk/index.asp?paulownia=1

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Градина
« Одговори #36 на: 21 Октомври 2014, 12:39:40 pm »
Цитат
Постојат повеќе од 20 видови пауловнија, но не сите се погодни за нашето поднебје. Нашиот ино-партнер Bio Tree, со метода на микро размножување (со култура на ткиво) во ин витро услови произведува најквалитетен саден материјал од пауловнија. Институтот има неколку патентирани хибридни сорти, специјално прилагодени за нашето поднебје:

    PAULOWNIA BELLISSIMA (за дрвна маса),
    PAULOWNIA OXI (за биомаса)
    PAULOWNIA TAMEA (за пошумување).


Овие хибриди имаат стерилно семе и не можат да се размножуваат со семе. Тоа е позитивно својство бидејќи не се инвазивен вид и не преставуваат опасност од загрозување на нашата автохтона шумска флора.

Цитираново ми кажува дека се работи за клонови.
Гледај, не дека е лошо да насадиш вакви дрва... но да знаеш дека се помалку отпорни, и една зараза ќе ги зарази сите дрва до последно -пошто сите ги имаат истите слабости (сите се од едно дрво клонирани).
Мене лично не ми се убави за декоративно дрва. Да имам некој имот некаде, за кој не сакам да го продадам но не можам ни да се замарам... таму би посадил овакви дрва. Ако не ги утепа некоја зараза, не бараат ни полевање ни ѓубрење и многу бргу раснат.
Само после за берење ќе треба да пријавиш во шумска полиција и да си платиш некој (дебел) данок. I kid you not. :)

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Градина
« Одговори #37 на: 21 Октомври 2014, 13:10:53 pm »
Чисто информативно, од каде знаеш дека ги имаат тие слабости? Имаш конкретно искуство со овие дрва, или пошто се клонирани, па имаат слабости?

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Градина
« Одговори #38 на: 21 Октомври 2014, 13:14:51 pm »
Семето е намерно стерилизирано за да не се распространува, сепак се работи за тип на дрво кој е наменет за индустриска употреба, био-маса на гориво, градежна индустрија или пак како огревно дрво.

Има некој од форумџиите искуство/бизнис со ова?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Градина
« Одговори #39 на: 21 Октомври 2014, 13:21:30 pm »
не можеш да го кастриш, крошната му е секогаш на највисоко, стеблото е право пушка и нема никакви гранчиња од страна, сега знам дека се откупуваат за правење на мебел и дека животен циклус им е околу 7-8 години, потоа се сече и самото се регенерира и пак продолжува да расте. Кога го сечеш паѓа на земја нормално и треба да има каде да падне, а расте околу 20м. Утре ќе ти сликам како изгледаат 2 годишни дрвца, нас ни одговара да немаат сенка затоа што ќе правиме базен, а и имаме нешто ситно садено на едниот дел од дворот.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)


A ako не се исече, нема да продолжи да си расте? Од каде се купува овој расад?

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Градина
« Одговори #40 на: 21 Октомври 2014, 13:25:25 pm »
треба да го прашам комшијата кога ќе го сретнам, нај него се околу 2 години сега и се доста високи, био плант нуди и гарантиран откуп ама ценава им е некако мала, види си во линкот погоре има многу информации, а и на нет ќе најдеш доста

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Градина
« Одговори #41 на: 21 Октомври 2014, 13:40:15 pm »
Еве го одговорот: http://bioplant.mk/Paulownia.pdf
Фала за сајтов. 5 евра е парче од тоа за пошумување, што ме интересираше. Само најмала количина се 10 дрвца, а мене ми требаат 2-3.

Дали некој сака да поделиме 10 парчиња?
« Последно менување: 21 Октомври 2014, 14:01:20 pm Deni »

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Градина
« Одговори #42 на: 21 Октомври 2014, 14:31:16 pm »
Чисто информативно, од каде знаеш дека ги имаат тие слабости? Имаш конкретно искуство со овие дрва, или пошто се клонирани, па имаат слабости?

Чисто информативно, не гледам на клонирањето како на нешто што треба да се избегнува. За разлика од ГМО (признај дека делумно кон оваква конекција целеше со прашањето :)) клоновите се само копија од постоечки природен вид.
Клоновите си имаат и предност и слабости. Лошо е што се многу повеќе склони кон мутации. И лошо би било кога би почнале во поголема мера да ги заменуваат стандардните не-клонирани варијанти, зошто биодиверзитетот многу би се намалил. Една озбилна болест ќе ги уништи сите примероци, додека во природата секогаш има диверзитет и некои од растенијата секако ќе преживеат и ќе го продолжат видот (пренесувајќи ги своите гени за отпорност кон таа болест).
Не навлегувам премногу детално во тоа, само ќе пренесам неколку кратки цитати подолу.

Инаку јас лично немам искуство, само пренесувам што сум читал. Пред некое време се мислев да купам парче евтино земјоделско земјиште некаде и да насадам од овие дрва, пошто не бараат некаква посебна нега и внимание, еднаш кога ќе потпораснат и се сечат на секои 7 години (нови дрва растат од корените).
Кога би садел за практична намена (на пример за дрва за огрев) би насадил од индустриските клонови, кои се „дизајнирани„ да растанат право како пушка и без многу гранки настрана. Но за декоративна намена, би земал или од семки (ако имам време и воља) или од садница која не е клон за индустриска намена.


Поконкретно:

http://en.wikipedia.org/wiki/Paulownia_elongata
Commercial plantations are normally established from selected clones resulting from micropropagation


http://en.wikipedia.org/wiki/Micropropagation
A monoculture is produced after micropropagation, leading to a lack of overall disease resilience, as all progeny plants may be vulnerable to the same infections.


http://scienceplantcloning.wordpress.com/2008/05/06/economic-advantages-and-disadvantages-of-plant-cloning/
Tends to eliminate diversity; more exposure to natural phenomenons like disease. If a single disease harms one plant it will likely haаrm all the crop, because they are all identical. The effects of combination between altered plants and natural ones could be devastating to nature.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Градина
« Одговори #43 на: 21 Октомври 2014, 15:05:40 pm »
И покрај нус појавите кој ги наброја Дени, ја сепак би идел на Липа. Прекрасно дрво, брзо расте, лесно се фаќа, и што е најбитно неодоливо мириса.

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Одг:
« Одговори #44 на: 21 Октомври 2014, 15:20:13 pm »
Липата бара голем двор. А незнам како било кој може да му помогне на колегата без претходно да го знае просторот.