Дечки, имам проблем со дренажа у дворот, на некои места многу вода се собира и ѝ треба многу време да се тргне.
Некој некаква идеја што да пробам, а да не го избагерисам цел двор?
Друга работа, има премногу дива трева у дворот, сакам колку толку да ја потсредам ситуацијата.
На предниот дел, кај влезната врата, посадивме убави цвеќиња, подобни за пчели.
Средниот дел е релативно запоставен, пошо е прилично тесен, и таму би си останала трева, без некои експерименти.
Во задниот дел, што е најголем, и кај што има парцијално проблем со дренажа, имаме ставено ред Туја (20 комада) и до нив цвеќиња. Арно ама, у внатрешниот дел (према тераса, комшии итн) има многу дива трева, коров, мов и што ти ја знам. Кои чекори, по кој редослед би требало да се преземат, за да се санира ситуацијата, и да се добие убаво зеленило, наместо „ливада“?