Градината ја посеав со баренбруг драј енд стронг на 03.04! Времево никако да се управи и после толку чекање... Што и како ќе излезе на крај ќе видиме(ќе пишам апдејт).
Е сега ми се јави сосем друг проблем! Како што е мазна извалана површината се појави коњоштип(и)!? Секој ден гледам ново роварење, денес посебно големи дупки од по 3-4цм и земја превртена...
За време на сеењето го помешав семето со Turbo G, и дополнително солев Нео Питроид. Мравите ги барам плус секој ден со шишенцето во рака(и засега ги решавам), ама со коњиштипов незнам што да правам?! Дополнително го дофрлив турбо Г завчера и тоа во доза од пакетче(15г) на 100м^2, иако се препорачува едно такво на 200м^2!
Некој да знае чаре или друго средство?