Автор Тема: Градина  (Прочитано 176558 пати)

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 902
Одг: Градина
« Одговори #480 на: 14 Мај 2020, 12:54:55 pm »
Реално не се разбирам многу, на страната пишуваше дека се Thuja Smaragd, ама имаа вака на око барем за мене различни два типа, ова со жолти врвови и целосно темно зелени.
Како иде процедура за пресадување?
Не планирам сеуште во тревник да ги ставам, би ги ставил сега за сега во поголема саксија додека да пркнат.
Можеш одма да садиш во земја, проверено

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2615
  • Custom made interiors
Одг: Градина
« Одговори #481 на: 14 Мај 2020, 16:43:04 pm »
Гази слободно,ке се набие земјиштето и тревата ќе згусне,тревник имам преку 120м2 и до сега е два пати прекопуван,фрезиран  и сеен трева и никогаш не сум го минел со ваљак.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Ептен е меко. Ако згазнеш ти пропаѓа ногата.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Градина
« Одговори #482 на: 14 Мај 2020, 17:02:25 pm »
И каде што ќе пропадне ногата умира и тревата?

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3697
Одг: Градина
« Одговори #483 на: 14 Мај 2020, 21:37:18 pm »
Нема да се скинат кога ќе газиш, ама првите 2-3 косења, намести на највисоко да коси косилката за да не ги искорнеш.
П.С. Блазе си ви со 120м2 тревник, кај мене 550м2, ми се плаче кога доаѓа време за косење...
Да не ти треба да набавиш поголема косилка?
Доволна е оваа што ја земав со 46цм нож. Каква и да е, временски има доста работа. :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Градина
« Одговори #484 на: 15 Мај 2020, 07:37:59 am »
Нема да се скинат кога ќе газиш, ама првите 2-3 косења, намести на највисоко да коси косилката за да не ги искорнеш.
П.С. Блазе си ви со 120м2 тревник, кај мене 550м2, ми се плаче кога доаѓа време за косење...
Да не ти треба да набавиш поголема косилка?
Доволна е оваа што ја земав со 46цм нож. Каква и да е, временски има доста работа. :)
Не заборавај да ја остриш барем 2 пати годишно!

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Градина
« Одговори #485 на: 15 Мај 2020, 07:57:58 am »
Со острењето ќе заврши работа ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Градина
« Одговори #486 на: 15 Мај 2020, 08:42:21 am »
Убаво велиш за 550м2 може да треба и почесто.

Отсутен emsi.tong

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Градина
« Одговори #487 на: 09 Јуни 2020, 02:42:36 am »
Здраво е вака ми треба горе доле ваше мислење.
Подлога спремна исфрезирано иситнето одпосле израмнето немам слика...



Семе купено првично 12кг и докупено уште 3 вкупно 15.Фрлив исто 1кг галитон и немаа во земјоделска ми кажаа исто било ова Fury. Местото е некои си 320-330 квадрати и го делев на некои си 25 квадрати по кило.



Семево на големо ми го дадоа по некои си 300-310 ден кг по кило се продава за 380 ден и си реков ајде ваљда е боље тоа.



И дојде време за сеење посеано поминато со ваљак.




Но после тоа мислам дека доаѓаат проблемитее и баш за тоа ми треба мислење.




Имам проблеми со дивата трева очигледно... А сега следно.




Ќе успеам да ја згуснам со косење или да се фрли уште некое килце.
А еве ја најсвежа тазе косена и после месец и некој ден од сеењето.



Сега вака дали да фрлам ѓубре кое какво за што дали би можело да биде во течна состојба да ја испрскам со пумпа или само да расфрлам,дали ќе се згусне со косење или добра е за оваа година на пролет да ја досеам?
И да ја прскам 2пати на ден сабајле од 7 - 7ипол едно добри саат ипол некогаш и 2 и навечер вооглавно после 6ипол исто толку саат ипол 2 со прскалка на 2пати горен крај долен.
И последно прашање кој се разбира во косилки дали ќе брка работа за малку поцврсти треви и за претходниов тревник оваа косилка или сум се заебал... Agrina 2.6kw 2800rpm ножот е 46цм као Италијанска е.
Ако ви треба уште некоја информација слика од поблиску тука сум.




« Последно менување: 09 Јуни 2020, 02:51:49 am emsi.tong »

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Градина
« Одговори #488 на: 09 Јуни 2020, 07:13:47 am »
Пред сеидба се ѓубри со 3*15 основно и секоја есен во доза од 200 кг/ха. Во тек на вегетација со популарно наречено пролетно ѓубриво кое содржи само азот и е веднаш достапно на растението, во помали дози пред секое полевање. Таму кај што е ретка можеш да досееш во текот на годината. Ѓубрен тревник се карактеризира со темно зелена боја и интервалите на косење се доста почести.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Градина
« Одговори #489 на: 09 Јуни 2020, 07:22:10 am »
1. Не се згуснува.
2. Се досева секоја недела во пролет и есен кај што има дупки.
3. Се остри ножот на косилката и се балансира на 2000м2 косење.
4. Ако има празно место се сее веднаш и некако треба да се прекрие или пикне семето под земја за да изрти. Во спротивно диви треви ќе се насадат сами таму.
5. Борбата е со широколистен хербицид против корови, ама тоа кај нас незнам кај да најдам, особено во коронава.

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 902
Одг: Градина
« Одговори #490 на: 09 Јуни 2020, 10:24:50 am »

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3697
Одг: Градина
« Одговори #491 на: 09 Јуни 2020, 10:59:43 am »
Од досегашно искуство, најубаво е да се фрли на есен таму каде што фали, и да се прекрие со тенок слој земја колку да го покрие семето.
Тревата си создава сама површински коров, додека е тазе првиот месец, најубаво е да се коси на повисоко за да не ја откорнеш, после месец дена што почесто косење, цца 3 пати во 2 недели.
Најубав период за наводнување во сончев период е од 05-10ч., добри 2ч. да работат прскалките.
Јас нова сеев годинава и фрлив 1кг/15м2, малку беше и тоа, коровот го корнев постепено, и испрскав неопетроид заедно со тревата. Дупки нормално имаше каде што не фатило семето, ама еве веќе 3 месеци поминаа и од самиот коров што го прави се згусна тревата, дополнително немам фрлано.
Земјава тука е таква и што и да правиш пир ќе никне затоа што има длабоки корења, скоро 50цм, а тревникот е 550м2, и немав намера да вадам земја и да носам нова, така да со редовно прскање и косење и пирот е убав кога ќе се измеша со садената трева.

EDIT: Дополна некоја сликичка






« Последно менување: 09 Јуни 2020, 13:37:56 pm t0m1cA »

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6004
Одг: Градина
« Одговори #492 на: 12 Јуни 2020, 19:02:49 pm »
Кај мене тревата почна да добива кафенкаста боја и стеблото е како дрчки и изгледа како стара,ја косам на највисоко,од губриво имам ставено 15:15:15,ја посеав оваа пролет но некако безживотна ми стое,ѓубриво некое во оваа ситуација?


Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Градина
« Одговори #493 на: 12 Јуни 2020, 19:08:45 pm »
Исчурела од многу ѓубре ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Градина
« Одговори #494 на: 12 Јуни 2020, 19:21:12 pm »
Скини неколку тревки и види ги врвчињата.

Да не е ова:
https://youtu.be/dtq7-oq_DGk