Да додадам уште една работа.
Нема потреба од толку често оштрење нож на косилица, освен ако се косат камења покрај тревата

Првата косилка МТД по неколку години ја заеба татко ми со оштрење и никако не можевме да го вратиме балансот.
Ја "наоштрил" бидејки почнала да остава неисечен лист (средишниот дел од листот како влакненце).
Купив нова bosh косилка, супер косеше неколку месеци. Потоа почна и таа да ја џелати тревата оставајки неисечени врвови. Татко ми ме убеди дека отупел ножот.
Рекламирав во сервис (под гаранција), го разгледаа ножот и ми рекоа дека е во ред ножот. Отидов во продавница и го споредив ножот со тој на нова косилка. Немаше апсолутно никаква разлика во "оштрината".
По некое време се оправи сама од себе косилката

По неколку години се заеба моторот на Бошот и купив повторно МТД.
Приказната се повторуваше и со оваа косилка. Приметив дека се случува откако ќе фрлам ѓубре во тревата. По 2,3 косења се "нормализира" ножот.
Еве 6 години ножот си е топ за 150 квадрати еднаш неделно, освен периодот по наѓубрувањето.