Автор Тема: Градина  (Прочитано 176727 пати)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Градина
« Одговори #345 на: 17 Јули 2018, 22:26:18 pm »
На првомајска спроти гулф негде има личен двор со некои растенија наредени како војници. Е да не знае некој што секако се растенијата?

Отсутен Zizi

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 204
Одг: Градина
« Одговори #346 на: 18 Јули 2018, 15:33:56 pm »
Тоа ти е туја смарагд, го има на многу места, ги садиш едно до друго на пола метар/метар далечина ако сакаш приватност во двор.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Градина
« Одговори #347 на: 18 Јули 2018, 16:34:08 pm »
Да да да тоа е, па баш и за тоа ми требаше, да дојде како ограда, само ем е природно ем ептен ми се свиѓа на око. Ќе.прашам расадник ваља имаат по прифатливи цени.
Ти благодарам.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Градина
« Одговори #348 на: 28 Јули 2018, 23:21:45 pm »
Клабери, не се сеќавам дали сум спомнал тука но имам дива смоква во дворот која неконтролоирано се шири. Како ја сечам, така повеќе стебленца фрла, како трева се множи...

Пробано е да се сече, тазе сечена полевана е со изгорено уље, со крупна сол, со солна киселина и сега последно два пати ја прскам со некој прашок за сушење трева но абер нема да угине.

Некој да предложи некое конкретно решение?

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Градина
« Одговори #349 на: 28 Јули 2018, 23:39:38 pm »

уљето треба запалено да е ваљда...

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Одг: Градина
« Одговори #350 на: 29 Јули 2018, 07:33:02 am »
Клабери, не се сеќавам дали сум спомнал тука но имам дива смоква во дворот која неконтролоирано се шири. Како ја сечам, така повеќе стебленца фрла, како трева се множи...

Пробано е да се сече, тазе сечена полевана е со изгорено уље, со крупна сол, со солна киселина и сега последно два пати ја прскам со некој прашок за сушење трева но абер нема да угине.

Некој да предложи некое конкретно решение?

Најди некој до трактор, врзете ја и нека ја повлече да излезе од корен, друго чаре не знам

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Градина
« Одговори #351 на: 29 Јули 2018, 09:20:41 am »

уљето треба запалено да е ваљда...
Не можам да палам у сред град, не сум Кавадарчанец :D
Брка работа уље но не и кај смоква.

Марјан, не бива тоа. Во ќош е а ЕВН има бандера таму а и не е за влечење, не е едно стебло. Има минимум 500 стебленца.
Инаку на рака ќе ја ископав, а најверојатно ќе мора да и се засукам пошто од искуство на луѓе, никој не успеал на друг начин.

Требен е стручен совет или барем насока каде да се обратам за стручен совет.
Земјоделскиве инжинери не се извор на стручен совет.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Одг: Градина
« Одговори #352 на: 29 Јули 2018, 09:40:13 am »
Раскопај околу коренот пола метро метро секирата и сечи, нема друго чаре како што гледам.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Градина
« Одговори #353 на: 29 Јули 2018, 13:59:05 pm »
Сода каустик? Види онде https://m.facebook.com/profile.php?id=1882207901999682&ref=content_filter
Да не знјт некој.

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Одг: Градина
« Одговори #354 на: 29 Јули 2018, 14:17:58 pm »
Клабери, не се сеќавам дали сум спомнал тука но имам дива смоква во дворот која неконтролоирано се шири. Како ја сечам, така повеќе стебленца фрла, како трева се множи...

Пробано е да се сече, тазе сечена полевана е со изгорено уље, со крупна сол, со солна киселина и сега последно два пати ја прскам со некој прашок за сушење трева но абер нема да угине.

Некој да предложи некое конкретно решение?
Имав ист проблем во дворот. Појдов во земјоделска аптека и таму ми дадоа некоја хемикалија што се раствора во вода. Со растворот ги прскаш лисјата три дена по ред. Човекот во аптеката ми објасни дека преку најмалите жилички од листовите отровот продира до коренот. Смоквата се исуши и веќе четири години нема ништо да излезе. Извини ама не паметам како се викаше хемикалијата.

Sent from my Redmi 5 Plus using Tapatalk


Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Градина
« Одговори #355 на: 29 Јули 2018, 15:03:26 pm »
Тогаш да те замолам да ми дадеш барем локација или број од земјоделската аптека?

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Одг: Градина
« Одговори #356 на: 29 Јули 2018, 16:01:50 pm »
Земјоделска аптека на пазарчето во Тафталиџе, иако мислам дека во било која би се нашло такво нешто. Имам уште дома од отровот ама после десети август се враќам дома. Многу е важно да се погоди односот на растворот а за тоа треба тој во аптеката да знае.

Sent from my Redmi 5 Plus using Tapatalk


Присутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3698
Одг: Градина
« Одговори #357 на: 29 Јули 2018, 17:35:13 pm »
Ист проблем, копана, корнета, џабе, купив Барбариан прскав се исуши па пак никна, таман се токмев со нафта и уље да и влезам ти ме предомисли, значи дека ќе палам мешалката и ќе јаде 2 колички бетон.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Градина
« Одговори #358 на: 29 Јули 2018, 17:49:14 pm »
Ќе ти го испука и разори бетонот, гарантирам. Вујко ми мрамор и чешма одстрани поради смоква.

Земјоделска аптека на пазарчето во Тафталиџе, иако мислам дека во било која би се нашло такво нешто. Имам уште дома од отровот ама после десети август се враќам дома. Многу е важно да се погоди односот на растворот а за тоа треба тој во аптеката да знае.
Сликај го паковањето, да го побарам тука отровот.
Соодносот, што помалку вода - тоа појак ефект.

Присутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3698
Одг: Градина
« Одговори #359 на: 29 Јули 2018, 21:03:03 pm »
Barbarian се вика отровот. :)