Клабери, не се сеќавам дали сум спомнал тука но имам дива смоква во дворот која неконтролоирано се шири. Како ја сечам, така повеќе стебленца фрла, како трева се множи...
Пробано е да се сече, тазе сечена полевана е со изгорено уље, со крупна сол, со солна киселина и сега последно два пати ја прскам со некој прашок за сушење трева но абер нема да угине.
Некој да предложи некое конкретно решение?