Дали некој може да каже од која причина Липата, Јаворот, Оревот, подкреваат со корењата над земја?
Дали е причината можеби што нема вода надолу па тука ги шетаат корењата по вода поради врнењето - лупам!
Цврстината на самото дрво и продорноста на корењата создава притисок. На пример, имаш земја и сакаш да збрцаш шипка во неа (корен) таа шипка врши притисок врз твоите раце и не ти дава да ја збрцаш зошто земјата е тврда. Тој притисок кој те поткрева тебе го поткрева и дрвото нагоре (или на страна). Значи корените не растат во шуплина туку во земја. Таа земја несака да се тргне за да поминеш со ОНОЛКАВИ кореништа низ неа, и самото пробивање на коренот низ земјата врши контрапритисок нагоре. Затоа што дрвото притиска надоле со својата тежина за да ги пробие корењата, а земјата враќа со потисок нагоре.
Кога едно дрво ќе дојде до ѕид на куќа и натаму неможе да ги шири корењата свои, почнува да притиска накај ѕидот со силата на сите корења што се пробиваат на другата страна на дрвото. Зошто дрвото притиска ВО ОДНОС на ѕидот за да ги пробива корените на другата страна, тој притисок станува поголем и поголем низ годините и ѕитот како мртва материја ќе попушти. Само е прашање на време кога ќе попушти зошто тој не се регенерира и притисокот го крши полека-полека. Затоа изместува темели и крши ѕидови дрвото на страна ги бутка. Самото стебло (и целото дрво) низ годините ќе мрдне сантими накај ѕидот, значи масив од 30-200 тона дрво се мрда, та за еден мочан ѕид/столб/асфалт да не го мрдне. Без проблем.
Доколку дрвото е флексибилно и со мала крутост тогаш тој притисок неможе да се пренесе низ коренот. Морфологијата на корењата се дели на жилест и на ресест. Жилестиот има структука која лесно пренессува сила, а жилестиот има многу мала можност за пренос зошто се базира на голем број ситни корења, наместо на неколку поголеми. Погоден вид на корен (жилест) и голема цврстина на дрвото (орев) е резултат за огромен пренос на сила од коренот. Од тие причини оревот неможе да се запре, ќе бутка, ќе корне, ќе крши... Како и секој пастув.
За да ја сфатиш силата на коренот треба да знаеш дека дрвото е приближно симетрично нагоре и надолу, односно колку што е голема крошната - грубо тука некаде е со големина и коренот. А и морфологијата на гранката е слична со коренот.