Автор Тема: Градина  (Прочитано 156771 пати)

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Градина
« Одговори #240 на: 05 Април 2018, 14:44:25 pm »
Пират не сум во тек, кажи ми дали садеше од тревата погоре и како се покажа тревникот. Јас садев лани ама нешто не испадна како што требаше.

Што трева е, т.е за каки површини? Ска пара е? И за колкава површина е?
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Градина
« Одговори #241 на: 05 Април 2018, 14:58:32 pm »
Денес ја нафрлав. Ќе видиме.

260 ден за кг.

Универзална за 40 квадрата но јас за помалку од 200 квадрата зњмав 6кг и ги фрлив.

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Одг: Градина
« Одговори #242 на: 13 Април 2018, 22:54:50 pm »
Есента што помина стариот тревник го ископав,тревата беше повеќе од 7-8 години.Пред некој ден површината ја исфрезирав и посеав со нова трева.Пред да ја посеам комплетно ја сменив целата инсталација за фенерите.
Семето го измешав со прашок против мравки,па за некаде 10-15 дена треба да никне.
Семето 350ден. за 40м2



Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Градина
« Одговори #243 на: 20 Април 2018, 20:22:30 pm »


Згусна џунглава :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Градина
« Одговори #244 на: 30 Април 2018, 20:30:46 pm »
Мет Дејмон може вода да ти носи  :D

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Градина
« Одговори #245 на: 02 Мај 2018, 21:38:36 pm »
Планирам да земам електрична косилка за трева. Конкретно  моделов  или некој сличен.

Ме интересира како се имаат покажано? Дали некој користи ваква или слична косилка? Предности и маани.

Кај нас гледам дека има и поевтини со исти/слични карактеристики.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Градина
« Одговори #246 на: 02 Мај 2018, 22:56:18 pm »
Јас под 1300 вати не би земал.

Меркам на Гардена, вилаџер а особено Алпина 1400 ватна. Засега ќе терам со старата.

Einhel-от треба да е добар. Штета што го нема кај нас...

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3478
Одг: Градина
« Одговори #247 на: 02 Мај 2018, 23:34:07 pm »
 А бре земете си бејЗин со ќејф да си косите.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Градина
« Одговори #248 на: 03 Мај 2018, 00:10:25 am »
@pirat_07 што е разликата од 1000 до 1300 вата? Претпоставувам дека освен јачината на моторот и вртежниот момент друго нема.

Кај мене ќе има околу 130-140 квадрати со трева па оттаму и одлуката да земам послаба бидејќи е предвидена за дупло поголема квадратура.

@t0m1cA нејќам бејзин пошто веќе имам таква косилица :)
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2608
  • Custom made interiors
Одг: Градина
« Одговори #249 на: 03 Мај 2018, 00:46:24 am »
@pirat_07 што е разликата од 1000 до 1300 вата? Претпоставувам дека освен јачината на моторот и вртежниот момент друго нема.

Кај мене ќе има околу 130-140 квадрати со трева па оттаму и одлуката да земам послаба бидејќи е предвидена за дупло поголема квадратура.

@t0m1cA нејќам бејзин пошто веќе имам таква косилица :)
Мој совет земи си добра јака косилка. Не ти е малку квадратурата. А и не е само квадратурата туку и квалитетот на косењето.

Јас имав косилка на струја вилеџер 1000-1200 вати тука некаде беше. 2-3 години се мачев само со неа... ем што ми требаше ноогу време додека искосам  туку и неубаво косеше ја правеше конци конци тревата. Ваква косилка само на почетоток ќе ти врши работа додека ти е слаба тревата после само ќе се нервираш.

Ја продадов таа си земав косилка на бензин убава голема. Раат си видов. За 15 мин го косам цел тревник и си седнувам си пијам кафе и уживам во прекрасно искосената трева.

Види на реклама5 има многу што носат половни косилки од Швајцарија можеш да земеш некоја добра за ефтини пари.
Јас ја земав 7 ипол илјади и ми тера веќе 3 години без проблем. Дури и самоходна е има погон на задни тркала.   :D

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3478
Одг: Градина
« Одговори #250 на: 03 Мај 2018, 09:07:31 am »
Стариот мој зема половна на бензин пред можеби 15-16 години, еве ја тек сега испушти душа. Ја зема од Ченто тој кај Агросервис што носи свашта од запад. Да не зборам што се има косено, камења, гранки, мелница, а се подиступи ножот, вадиш и го праиш жилет со брус.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10967
  • 430i
Одг: Градина
« Одговори #251 на: 03 Мај 2018, 09:18:02 am »
@Дибидус
ќе се согласам со @Deno и @t0m1cA

2016 земав електрична косилка, поконкретно оваа:



за безмалку 7.000 ден.
Тогаш гледав да земам посаглам пошто имам 300 м2 тревник, кој од оваа сезона порасна за уште 50-тина м2. Избегавав мали и оваа ја земав пошто иако беше кинеска, била за француски пазар и задоволува ЕУ критериуми дрн дрн.

Иако ме советуваа да земам моторна косилка, во тој момент ми беа прескапи, т.е. најмалку дупло поскапи од оваа, а одев со тоа дека и оваа ќе брка работа.

Прво на одредени места требаше да поминам по 2-3 пати за убаво да искоси.
Второ, 2018-та на почеток сме, а моторот цркнаи стопи цел долен дел и перка.

Така да, ништо не сум заштедил пред 2 години, сега гледам да земам некоја бензиска.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3478
Одг: Градина
« Одговори #252 на: 03 Мај 2018, 09:29:38 am »
Јас косам на 2та плаца вкупно околу 1800м2, сум косел со неа и од тоа зељето никнато по 1м височина, мука нема, бензин си е бензин, башка не морам да мислам на кабелот и да го тегнам, и дали ќе ми стигнел или не.
Ќе земам и јас сега и најверојатно ќе биде Villager моторна косилка, ама не сум уште сигурен.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Градина
« Одговори #253 на: 03 Мај 2018, 09:31:09 am »
А да си најдеш од оние старине електрични со црвена пластика, никој што не знае кој бренд беа? Довлечка татко ми пред 3-4 години некоја стара истраскана, го наостривме ножот и што би рекле старите, Олд Трафорд ни е дворот.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6448
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Градина
« Одговори #254 на: 03 Мај 2018, 12:59:21 pm »

Јас имав косилка на струја вилеџер 1000-1200 вати тука некаде беше. 2-3 години се мачев само со неа... ем што ми требаше ноогу време додека искосам  туку и неубаво косеше ја правеше конци конци тревата.

Конци прави ако е тап ножот, како што имам заприметено.

А јас имам еве трета година оваа Alpina BL 320 E,
не сум користел помоќна, поголема, ама ми брка работа за ~40 квадрати.