Мора да се нагласи дека фолијата е многу поефтина опција од боја, а за тоа дека неможе да се добие ефектот на боја од одма ќе кажам дека МОЖЕ и исто ќе се понаша како и боја. Меѓутоа одржувањето на боја и фолија е сосема поразлично, секако зависи што сакаш да покриеш и постигнеш со бојата т.е. фолијата па спрема тоа и ќе се одлучиш за едното или другото. Мое лично мислење е дека доколку туку така ти дошло да смениш боја, а немаш каросериски оштетувања подобра опција е фолија(секако треба да се внимава колку квалитетна фолија ќе ставиш).