Автор Тема: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.  (Прочитано 285255 пати)


Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #286 на: 22 Декември 2013, 01:05:37 am »
српски закони и македонски во глобала се многу слични ама никако исти. ние сме напредни бре од тоа заостанатите комуњари... ние имаме капиталистички закони... закони за тортура и секс на обичниот смртник...

кај нас малку поинаку е решено со “казните“ за неплатен паркинг... значи ако сам си купиш и платиш ОДМА, тоа ке те кошта ХХ (двоцифрена бројка) по саат... ако сакаш ние да извршиме подготовка за наплата тогаш тоа е ХХХХ (четирицифрена бројка) а ти само да си платиш во рок од 7 дена. кај поц има и ХХХ (троцифрена бројка) ако сакаш они да ти изготват за плаќање се што треба и ти ја платиш тарифата ТОЈ ДЕН, немора одма...

толку е просто и едноставно... нема казни. кај видовте вие дека некој треба да плати казна или платил казна? казна во полиција...

уууупс... пардон... немаме ние ни казни... имаме глоби... прибидејки, немавме соодветен збор за тоа па моравме бугарскиот да го уфрлиме во официјалниот речник... всушност, имавме потреба од замена.... уууупс... пак згрешив, значи изискувавме замена... уште еден буагрски тазе применет збор.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #287 на: 22 Декември 2013, 01:15:10 am »
Пак останува тоа дека не може да дигаат коли од кај сакаат.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #288 на: 22 Декември 2013, 01:18:49 am »
и за тоа иам регулатива некоја... не ја знам точно како беше, ама начелно е отстранување на туш подвижен имот од сопствен имот...

п.с. сопствен имот може да биде и имот кој е под концесија.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34297
  • Таков е животот... јебига
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #289 на: 22 Декември 2013, 10:01:54 am »
Пишував пред кратко време за злоупотреба на службени овластувања и дигање сопствена кола од сопствен паркине....

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9200
  • Аstra la vista baby !
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #290 на: 17 Јануари 2014, 19:51:53 pm »
Денес  во Битола  се  случи  скандал  кој  наликуваше  на сцена од некој  каубојски филм.
Некаде  помеѓу 17 и 18 часот се  случуваше  вистинска  драма на  паркингот кај Стара автобуска - Комплекс  Банки,  кога директорот  на Македонски пошти во Битола, господинот Евдал Акифи одбил  да го плати билетот за  паркинг  местото  кое  го  користеше.
Акифи го зел билетот од влезниот терминал и заминал  на излезната рампа, чекајќи истата да се отвори, без да плати за времето поминато на паркинг местото.
 
Господинот бил со автомобил од марката Skoda, со регистерски таблички SK 724 UV. Откако вработената во „Градски паркинзи“ му рекла дека мора  да плати за да биде поништен билетот, Акифи настапил каубојски велејќи и дека нема зошто тој да плати, па си поминал преку  рампата, оштетувајќи  ја.



Откако ја искршил рампата со својот автомобил, на вработените во „Градски паркинзи“, кои биле таму, им рекол дека ќе оди да го земе камионот и  да им покаже кој треба да плати за паркинг.
Бргу после тоа  се  вратил на местото со службеното  комбе и со голема брзина поминал преку влезната  рампа , не земајќи  билет, и  ја оштетил , а продолжил  и кон излезната, која  веќе скршена ја докршил.
За да докаже  кој е главен, свртил уште едно кругче пред кабината за наплата и заминал кон ул. Никола Тесла - Стоковната  куќа Марди.  Враќајќи се во рикверц го удрил и терминалот со што го искршил, исто како и рампата.



Овој вандалски настан бил пријавен во полиција, и истата пристигнала за 15 минути на местото на настанот.  Службените лица направиле записник и зеле изјави од очевидците, како и од вработените Т.С и Д.Д и од двајца вработени  во ProAlarm кои можат да ја потврдат приказната.
За да случајот биде е баш како филмска сцена, сторителот се вратил уште еднаш и пред очите  на шест службени лица од МВР,  му наредил на неговиот вработен - шофер на камионот да оди во рикверц  и повторно да удри на влезниот терминал, покажувајќи им на полицајците како му сметала  наплатната  рампа.
Во случајот има инволвирано три возила од поштата и двајца возачи, од кои едниот е директорот на Македонски пошти - Битола, Евдал Акифи.
За овој вандализам сторителите ќе  одговараат бидејќи третиот напад  на наплатната рампа се случи пред очите  на Полицијата.

http://setaliste.com.mk/zivot/3769-vandalski-skandal-vo-bitola

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #291 на: 17 Јануари 2014, 19:59:19 pm »
Од кај што се симнал тој, немало наплатни рампи.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5841
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #292 на: 17 Јануари 2014, 20:07:58 pm »
И тоа што викаш. Овој не е ни за метла да му дадеш у рука а не па директор да го направиш, катастрофа.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #293 на: 17 Јануари 2014, 20:15:12 pm »
Се док не се смени менталитетот: функција - награда во функција - предизвик, ништо не бива од државчево...

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #294 на: 17 Јануари 2014, 21:30:34 pm »
toa vi e realnosta, gospoda ... zakoni, drzavaa i sve ostalo ili ostinato gramaticki ... nesto ko Coca Cola, vkusot na tvojot zivot so ili bez amdi baJram , "zakon" za rAketiranje na ofcii itn itn :)
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3960
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #295 на: 19 Јануари 2014, 01:36:03 am »
Ја најдов сликава низ интернет и уште неможам да се изначудам зошто вака би се паркирал некој.



Сликата е превземена од www.zase.mk
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #296 на: 19 Јануари 2014, 01:39:08 am »
А засе.мк од каде ја превземале? :D

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7228
  • French diamond
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #297 на: 19 Јануари 2014, 01:39:59 am »
Битолчани знај некој на вечер од колку сатот не се наплаќа паркинг ?

Ги прашав јас тие таму, незнат да објаснат.. ми вика до 2 работиме, ама ќе платиш 20 денари за до 22 сатот  ??? Ако паркирам во 9 значи ќе платам за 2 саати и после 10 остани колку сакаш остани не се наплаќа така  ?

Уфф грешка, преместете во паркинзи темата, нека пријави некој на модераторот
« Последно менување: 19 Јануари 2014, 02:09:50 am n1kola »

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #298 на: 19 Јануари 2014, 01:44:16 am »
Од секаденаинтернет.мк, веројатно

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1936
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #299 на: 19 Јануари 2014, 01:59:51 am »


Има, има паркинзи, има тротоари, пешачки острови, зелени површини и тн.