Зонското скоро секаде во светот е на улица, божем нашиве го измислиле.
А цена од 100 денари од саат за паркирање скоро на плоштад е во ред. Па имате дупло поефтини паркинзи оддалечени 5-10 минути пешки од плоштад. Ама ние сакаме ако може пред врата да сме паркирани, каде и да одиме.
не е во ред 100 денари. една улица која врти под агол од 130 степени. до ќошот на улицата е градски паркинг и кошта 45 денари, од ќошот е поц и кошта 100 денари. делот на градски паркинг е полн. на поц нема возила, освен во недела кога е беспари.
на 25 метри од него е паркинг со рампа и наплата и истиот Е ПОБЛИСКУ до плоштадот.
друже... прајме муабет дека за 2 саати паркирање кошта колку цела ебана дневница на минималец во државава? така?
Проблем е ако скоро секаде во центар е 100 денари, проблем е ако нема алтернатива па мора цела дневница или пола да се даде за паркинг од 100 денари. А ако има 10-20 места кои се скоро на плоштад по ненормално висока цена, тогаш не гледам проблем. Ете скап е паркингот, никој не се паркира и тоа е тоа.
Со завршувањето на катните гаражи кај Холидеј Ин и кај Беко, како и готовоата карши Макпетрол дирекција мислам дека ќе има многу повеќе паркинг места и многу помалце проблеми од тој тип. Само цените да бидат разумни, не 100 денари саат, за луѓето да си паркираат на платен паркинг легално, а не да оставаат на тротоар па да се мислат дали ќе помине пајак, да гледа низ прозор и сл.
Јас сум за решение од типот катни гаражи и поголеми паркинзи како ГТЦ, Холидеј Ин и слични да имаат цена од макс 30 денари саат. А зонско на плоштад, Максим Горки и слични шпиц места и улици да биде поскапо и строго контролирано. Па кого го мрзи да пропешаци 5 или 15 минути нека си плати повеќе.