Верувал или не многу внимавам околу тие рабоќе
Обично паркирам на обележан паркинг со платно, никогаш не ја оставам „на 5 минути“. Ако се случи да паркирам некаде кај што е без платно, секогаш гледам да ми е домаќински паркирана и да не смета никому. Тоа околу паркинзите ако е неопходна колата, во друг случај пешачам, ептен пешачам и не ми смета. Многу побрзо завршувам работа кога сум пешки отколку со кола.
Затоа ме живцира тоа што секогаш некој се наоѓа да ми ја блокира колата, ме живцира тоа што повеќето да можат со колата ќе се качат на трафика за да си купат мастики и цигари, ме живцира тоа што беспотреба се прави метеж за до овде-онде. Многу некако чаламење за толкава сиромаштија.