Автор Тема: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.  (Прочитано 253136 пати)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #1380 на: 21 Септември 2018, 10:45:55 am »
Прашање до сите запознаени (доколку има некој што знае нали):
Дали „гостинската карта“ на ПОЦ е валидна за сите паркиралишта со кои раководи претпријатието?

Благодарност до @AUUU за ускочувањето со двокорак ;)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7827
  • Плинаш!!!
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #1381 на: 21 Септември 2018, 18:49:55 pm »
Ако мислиш на онаа "гостинска" кога домаќинот се јавува да каже дека има гостин, важи само за паркингот/улицата каде што живее домаќинот.

Барем така е на водно, во уличките карши државна.

Sent from my Huawei P Smart using Tapatalk

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #1382 на: 22 Септември 2018, 09:29:03 am »
Нема врска улицата туку зоната. Ако си зона 2 кај сакаш паркирај на зона 2 и најави гостинска.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7827
  • Плинаш!!!
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #1383 на: 23 Септември 2018, 01:19:47 am »
Неможе така. Кога се јавуваш во ПОЦ треба некој број (препоставувам пин) да им кажеш прво и они по бројот знаат точно за која улица бараш паркинг карта, и ти ја потврдува улицата на која што живееш каде што имаш и паркинг.

Sent from my Huawei P Smart using Tapatalk


Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #1384 на: 23 Септември 2018, 17:36:40 pm »
Неможе така. Кога се јавуваш во ПОЦ треба некој број (препоставувам пин) да им кажеш прво и они по бројот знаат точно за која улица бараш паркинг карта, и ти ја потврдува улицата на која што живееш каде што имаш и паркинг.

Sent from my Huawei P Smart using Tapatalk


Нема врска, кај не сум паркирал по цела зона 2. Битна е зоната.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7827
  • Плинаш!!!
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #1385 на: 23 Септември 2018, 21:38:26 pm »
Незнам за на друго место но во уличките карши државна со сигурност тврдам дека е така. Баба ми и дедо ми живеат таму и затоа знам. И 9 ден. е саат.

Sent from my Huawei P Smart using Tapatalk


Отсутен -SBY

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #1386 на: 20 Октомври 2018, 18:44:17 pm »
Момци имам едно прашање. Малку глупо али не сум се нашол у ваква ситуација до сега. Паркирав кај тутунски во Скопје накај 12:49h....дојдов да си платам во 13:45h и видов кренати дека се рампите. Оваа си заминала...пошто работно време и било до 14:00h. Ливчево за плаќање остана кај мене. Си отидов од паркинг. Утре паркингот е бесплатен а исто и денес до крајов на денот.
Сте имале ли вакво искуство? Треба ли нешто да плаќам сега...да враќам ливче или? Ѕвонев на телефониве на паркинзи али никој не крева пошто сабота после 2...
Си реков да не ми накалемат нешто...пошто у оваа наша земја ако должиш еден денар...ќе те натераат да платиш после 5.000 евра.
Имал ли некој вакво искуство? Поздрав!

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43716
  • Il Moderatore
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #1387 на: 20 Октомври 2018, 19:04:30 pm »
Си ќарил бесплатен паркинг.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен JezuzNoChill

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1000
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #1388 на: 03 Ноември 2018, 01:43:31 am »
Момци имам едно прашање. Малку глупо али не сум се нашол у ваква ситуација до сега. Паркирав кај тутунски во Скопје накај 12:49h....дојдов да си платам во 13:45h и видов кренати дека се рампите. Оваа си заминала...пошто работно време и било до 14:00h. Ливчево за плаќање остана кај мене. Си отидов од паркинг. Утре паркингот е бесплатен а исто и денес до крајов на денот.
Сте имале ли вакво искуство? Треба ли нешто да плаќам сега...да враќам ливче или? Ѕвонев на телефониве на паркинзи али никој не крева пошто сабота после 2...
Си реков да не ми накалемат нешто...пошто у оваа наша земја ако должиш еден денар...ќе те натераат да платиш после 5.000 евра.
Имал ли некој вакво искуство? Поздрав!

Uzivaj se desava na povekje parkinzi.



Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4759
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #1391 на: 06 Ноември 2018, 09:18:43 am »
Апсолутно се согласувам! Сакав само да споделам.


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54986
  • Махер
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #1392 на: 06 Ноември 2018, 09:29:25 am »
Never argue against the car.

Одлично кажано. Другото тракатанци нереални, не им даваш решение на луѓето алтернативно, како моторцикл или скутер. Кај нас мора да има бесплатни паркинг места за моторцикли и скутери насекаде.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #1393 на: 06 Ноември 2018, 10:07:50 am »
Reality check in ascending order.

1. Живеам на неполни 7 км од Центар и 50 и кусур години немам директна автобуска линија, а и оние кои што ги има се на раб на пропаст .(45, 55, 65) и ме оставаат на Железничка.
2. Катната гаража до пред некој месец кошташе 1000 денари и се полнеше до 18 то ниво, сега кошта 1800 денари месечно и се полни најмногу до 8 мо  така да не сум убеден дека сега има повеќе профит (кој наводно треба да се инвестира во јавен транспорт).
3. 90% од вработените кај мене се фамилијарни луѓе кои оставаат/земаат мали деца во градинка/ училиште, така да ЈСП/мотор/точак не е опција.
4. Мора ли се, ама баш се да е лоцирано во тој факинг Центар на Скопје? Секоја фирма, министерство, завод, совет, па згора на се уште и станбени згради дигаат на секоја слободна педа простор и во секоја локална уличка? Има неорани ниви во Аеродром, Лисиче и којзнае колку неискористени спратови во МТВ...
5. Секоја трета кола низ градов не е од Скопје.Не се криви луѓето кои доаѓаат..не е лесно секој ден да возиш КУ-СК, ВЕ-СК, ТЕ - СК за да дојдеш на работа..но тоа само по себе дополнително прави проблем.
6.Култура...лично сум сведок на слободен паркинг простор да ја се остави кола на сред улица ("само за 5 мин"), до контејнер каде некој друг и да сака да паркира неможе заради првиов..не да помине. И имаш симфонија од свирење на нервозни шофери заради застој.


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54986
  • Махер
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #1394 на: 06 Ноември 2018, 10:23:38 am »
Reality Check колку од возилата низ Скопје се со еден човек внатре и не „носат мали деца во училиште“ во ударните термини од 07-10часот, и од 15-18 часот?
Сите? Скоро сите? 90%? Епа затоа е гужвата. Зошто непотребно се возат коли.

Ти имаш некои си 25000 моторцикли и скутери во земјава, на вкупно 450000 возила. Епа гужва ќе биде. Не е јака филозофија. Кога тие 25000, ќе станат 150000 ќе дискутираме како нема место за паркинг и слично. А сега она кон кое треба да се цели е кристално јасно.

Овозможи им на луѓето да може да се транспортираат брзо и ефикасно. Со помош на скутери и моторцикли. Овозможи им со Б категорија да возат до 125цц, со L таблица како по други земји. Овозможи А7 скутер возачка категорија со основни полагања за скутери до 125цц. Нема да се згне човек на 50 години да полага А категорија и чунчиња да проаѓа со 600тка мотор, за да вози скутер 125. И ќе оди со кола непотребно. И ќе прави гужва. Епа ќе прави гужва. Го малтретираш. Додека имаше 50цц двотактни, кои колку толку се движеа океј беше. Сега нема веќе, заменети се со 125ки четиритактни. И со 50ки четиритактни кои едвај се движат со 100кг човек на нив. И после гужва било. Епа гужва е. Кога треба да бараш половна 50цц 2т веспа стара 10 години зошто нема нова да купиш. Епа гужва ќе е. Нема на понуда освен SR50 или некои други модели со детски стајлинг. Гужва ќе е. Епа гужва ќе е. Како што беше компјутер за секое дете, треба да има „моторцикл за секој дом“. Неможе. Се котат луѓето, сакаат да живеат милион, во град за 400.000 епа мора малце и мозок да се уклучи. Неможе само да рекетираш со паркинзи поскапи, со дивиденди на 15%, со 18% скалест, со акциза на нафта, итн. Мозок малце барем. Колку да не е на 0 мозокот се бара.