Генерално, јас немам проблем со плаќање паркинг, особено во местата каде што е стварно гужва.
Она со што имам проблем е не-решавање на проблемот со паркингот, а наплаќање за постоечките места. Со други зборови, имаме потреба од 10.000 паркинг места. Реално, имаме 5.000 паркинг места. За да „се намали гужвата“, ќе наплаќаме за тие 5.000 паркинг места. Иста глупа логика со оноа во Англија, патарините да бидат поефтини (и уште некои такви работи) во оние саати кога не е гужва. Значи, луѓето не одат во центар во 8 сабајле пошто сакаат. Одат пошто мораат. Осим пензионери.
Реално, да има доволно паркинг места, не би ми било проблем да платам. Ама да плаќам паркинг за ПРЕнабиени улици каде што шансите некој да ми ја закачи колата се големи, е без врска. Исто така, би направил мал систем на толеранција. Да има право секое возило на едно бесплатно паркирање во секоја зона по еднаш месечно, и во некои зони кои се генерално транзитни, да има опција за бесплатно паркирање 15 минути или нешто такво (еве, нека биде пропратено и со праќање порака). Неколку пати сум ги гледал тие крвопиите на скутерчиња како чекаат кола да паркира и во род од 2-3 минути пишуваат казна, пред да има можност сопственикот да испрати порака.