Автор Тема: Фарбање  (Прочитано 226869 пати)

Отсутен savage

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 627
  • Сузуки Витариче
Одг: Фарбање
« Одговори #660 на: 02 Ноември 2020, 11:53:14 am »
Имам Опел од 2016 год. Возилото е удрено кај задната врата и крилото, плус задниот браник. Бојата е Phantom Grey или Asteroid Grey. Да напоменам само дека бојата е како перла и има одредена промена на нијансата кога се гледа од различни агли.

Прашав на 4-5 места низ Битола за фарбање - кај Осата, Дињата, Борче на патот за Бистрица, Стефче... Кај сите добив одговор дека овие бои се специфични и дека ќе биди проблем да се погоди нијансата. Во еден од сервисите ми рекоа дека оваа боја била на водена база и во Битола нема никој со соодветна опрема за работа и ми препорачаа воопшто да не ја носам во Битола.

Ми треба мислење од луѓе на форумов, дали сепак можи да се најди некој во Битола или околината што работи квалитетно и што можи да ја среди како што треба.

На сликите подолу, можи да видите како изгледа нијансата.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

https://www.facebook.com/Avtolaker-Gis-182205161794587
Се што сум видел офарбано на слики личело профи.
Струмица е да, ама исто како што кажува членот погоре, за квалитет вреди да се помачиш малку.
Потпис.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3049
Одг: Фарбање
« Одговори #661 на: 02 Ноември 2020, 11:59:06 am »
Кас имам позитивно искуство со АутомобилеСК во Скопје.
Имав hit and run пред зграда и ја средија. Бар мои очи не гледаат разлика.





Двоело не двоело јебига.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен v44

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Фарбање
« Одговори #662 на: 07 Ноември 2020, 19:17:57 pm »
@savage @Bojan j Фала на одговорите, во краен случај ако не најдам нешто во близина, ќе барам и во други градови.

Отсутен v44

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Фарбање
« Одговори #663 на: 07 Ноември 2020, 19:28:18 pm »
Имам впечаток дека не им се фаќа понова кола.

Ако добро ја направи бојата тој што ќе ја прави, и лакерот користи техника со прелази*, нема да се познава дека е фарбано.

Остај ти водени бази к*рчеви карики, луѓе по светов во барака фарбаат Ламборгинија, Ферариња и разни луксузни коли па не им се познава ништо.

*прелази = се брусат и панелите кои се „први комшии“ со оштетените панели. Се фарбаат оштетените панели а неоштетените се прскаат со новата боја само на ќошот кај што се спојуваат со оштетените/новофарбаните. После се лакира се заедно.

Maaco, ланец на нискобуџетни автолакерници во САД, со овој метод успеаа да исфарбаат браник на Lamborghini Murcielago со Arancio Atlas, трослојна портокалова перла боја. Не глеам зашто да не може да се изведе тоа на Опел, само треба да му фаќа црпката на мајсторот и да има работено со вакви постапки. :)

Истата техника со прелази ми ја спомна еден од лакерите во Битола, но исто така ми рече дека за оваа шифра на боја имало неколку различни нијанси, па да се прснеле некои примероци и од нив да се избери која нијанса ќе биди најблиску до таа на самата кола, што за мене е доста чудно. :-X

Во право си за тоа дека треба да го бива некој, но според мене е комбинација од двете работи (за било која мајсторска работа) - и квалитетен мајстор, и салам опрема.
« Последно менување: 07 Ноември 2020, 22:49:09 pm v44 »

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 787
Одг: Фарбање
« Одговори #664 на: 14 Ноември 2020, 00:53:46 am »
Здраво дечки.
Пошто купувњето на понова кола отпадна, сакам да си го подсредам Стилото.
Кој може да ги поправи грешките направени во минатото прикажани на сликиве ?
Даме рече не е за полирање.




Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Фарбање
« Одговори #665 на: 16 Ноември 2020, 20:23:03 pm »
Каде да барам по Скопјево прајмер и боја во спреј за шепи?
Во Вивант во Ѓорче кај што полнат спрејчиња ич не ми текна да прашам, можно е да имаат?

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4220
Одг: Фарбање
« Одговори #666 на: 16 Ноември 2020, 20:26:01 pm »
Hubo

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Фарбање
« Одговори #667 на: 16 Ноември 2020, 20:28:45 pm »
Сребрена или сива ако се најде супер. Ќе тркнам утре да видам.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Фарбање
« Одговори #668 на: 16 Ноември 2020, 20:40:52 pm »
Има во Хубо, само поскапа е од обичната а според мене нема потреба.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Фарбање
« Одговори #669 на: 16 Ноември 2020, 20:47:05 pm »
Веќе кога ќе ги растурам шепите до штраф, викам да се офарбаат како што треба. Ако по склопување си функционираат како што треба, ок. Ако не, у канта.

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 898
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Фарбање
« Одговори #670 на: 16 Ноември 2020, 20:49:58 pm »
Каде да барам по Скопјево прајмер и боја во спреј за шепи?
Во Вивант во Ѓорче кај што полнат спрејчиња ич не ми текна да прашам, можно е да имаат?

Не сум отишол во продавницата да видам, ама имаат на веб ставено: https://samad.mk/product-category/kozmetika/motip/tuning-line/

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2735
  • Шалабајзер
Одг: Фарбање
« Одговори #671 на: 16 Ноември 2020, 21:21:06 pm »
Каде да барам по Скопјево прајмер и боја во спреј за шепи?
Во Вивант во Ѓорче кај што полнат спрејчиња ич не ми текна да прашам, можно е да имаат?
Гарант има у Вивант кај Петко, прашај си


Sent from my iPhone XS using Tapatalk
No turbo, no fun :)

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5915
Одг: Фарбање
« Одговори #672 на: 16 Ноември 2020, 21:54:26 pm »
Neli imaa vo Samad oni mislam deka imaa prajmer i boja za sepi vo sprej.

Отсутен fcwizard

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 246
Одг: Фарбање
« Одговори #673 на: 16 Ноември 2020, 23:10:48 pm »
Дечки како сте задоволни од квалитетот и погодување на нијанса во Вивант?
Јас зимав боја и лак од Max Meyer и се одлични ама  единствен downside е тоа што не полнат во спреј.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Фарбање
« Одговори #674 на: 17 Ноември 2020, 00:57:57 am »
За нијанси, прават по каталог. Не им чинат дизните за прскање, знаат да се разлигават па додека шприцаш да залетаат покрупни капки во млазот.
Јас менувам капаче со дизна од друг спреј и бркам работа.