ц
Сакам пиштол нешо за фарбане,па овој го загледав...го има некој купено?
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Sent from my VTR-L09 using Tapatalk
Не брка работа ова, прска капки
Има компресори без боца, плус пиштол, за мали фарбања е екстра
Кажи некоја добра комбинација? Слабо имаат капацитет обично. Дека за фарбање по HVLP се бара.
http://www.kupialat.mk/index.php?route=product/product&path=10_100&product_id=3613
За домашна употреба е екстра. Да исфарбаш нешто ситно - столици, маса итн. Имаш пиштоли поголем избор во Меркур
Го имаш? Со што пиштол го користиш? Дали ја разредуваш бојата?
Освен ако толчу многу е проблем местото да го земиш ова, иначе за цената има 50 литри компресор со hvlp пиштол.
Тоа гледам овие од Einhell на пример со 190Л/м и 6 литри боца се доста практични, ама незнам дали за фарбање ќе е доволно 6л:
https://www.einhell.de/shop/en-de/tc-ac-190-6-8-of.htmlА и на 15.000 обртаи работи моторот дур фарбаш.
Од друга страна овој има слични перформанси, 230л/м со 24л боца.
https://www.einhell.de/shop/en-de/tc-ac-190-24-8.htmlАма моторот е на 2850 обртаи дур работи. Многу помирно.
Исто од бренд АБАЦ го најдов и овој, иако поскап со исти перфоорманси.
http://alatzase.com/product/kompresor-abac-ol-24l-2hp/Го има во Меркур изгледа, ќе ставам цени.
Еве бараше некој од пиштоливе поквалитетни за турбинско фарбање. Иако сите виката дека са затнувале. Ги има во електрометал.
Е еве einhell 190л/м исто во електрометал.
Edit: еве и од меркур цени:
Мислам дека ABAC 24l уљан највеќе се исплати во однос цена/бренд за 7500 денари. Еве денес и викендов ќе има 15% попуст во Нептун па може да има и на компресорите. Би требало да се страшно конкурентна цена.
Дали овие електричните пиштоли ги бива за фарбање?
По економични ми изгледаат од спрејовите пошто последно кога користев пола боја ми остана влименка а притисок немам, а за истите пари можам да исфарбам со ова минимум дупло и повеќе површина.
Немам пари за компресор, а и нема да фарбам цела кола или слично, за ситни работи ми изгледа практично, или не?
https://bois.com.mk/product-category/alati-ingco/elektricen-alat/pistoli/pistoli-za-farbanje/
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Имам ваков сличен пиштол и не го бива. Може би ако земеш некоја по квалитетна марка и ке го биде. Мојот е maxplus ама е тешко срање.
Јас го купив со намера само еднаш да го користам и да го фрлам, ама и толку не успеав. Се затнуваше дизната, па ке ја одзатнеш, па ке почне да капе и така.
Sent from my FIG-LX1 using Tapatalk
Претпоставувам ја цедеше бојата? Во спротивно ке се затнува 100%
Не само да ја прецедиш туку можеби и да се разреди треба бојата. Тоа црпката што доаѓа треба да се наполни и бојата да истече од неа за околу 20-40 секунди. Значи таа вискозност се бара за нанесување. Од друга страна не посочи дали е најслабиот 100W, или е некој посаглам. Барем над 300W. А сега ги гледам цениве на INGCO стварно се многу добри. Тој од 100W ич не го гледај, ама 350W тој е 1600 денари што е ептен џабе. Дури и 500W е 2300 што е исто живо џабе. Еве еден клип кај што може да се види како го користат тој 350 ватниот на разни површини:
Секако клипов не е туторијал, туку да се види пиштолот во употреба. Инаку ќе си следиш ти стандардни практики за пола да се поклопува на секое нанесување и слично. Не како овој од ѓутуре да прскаш. Ама како и да е ако е точно разредена бојата би требало да функционира.