Како што знаеме, фабрички шепите и бубњевите се со некоја си боја од фабрика која најверојатно нема да ни се допадне. Покрај тоа, по извесен период, истите ќе почнат да кородираат, па така кога ќе монтирате симпатични бандажи 'рѓата на нив ќе го гнаси изгледот на бандажите. Таков е случајот кај мене, каде старите челични фелни веќе почнале по малку да зафаќаат корозија и со промената на бандажи кои се отворени 'рѓата дојде до израз:
Секако дека 'рѓата не изгледа симпатично, па ред е и таа да се одстрани. Што се однесува до домашната, бидејќи знам дека многумина ги заинтересира, таа е неготинска 8 години лежана во буре од дудинка. Имав екслузивно право да ја конзумирам со Др. Шереметковски во неговата ординација за време на целиот зафат...Но за тоа ќе споменам подоцна, најнапред да ги представам материјалите кои ни беа потребни за овој зафат:
Металин Р или народски познат како антироз е средство кое ја одстранува 'рѓата од металните површини.
И сребрена боја со голема топлинска отпорност (до 600 'C).
Најнапред ми ја качија Маздата на дизалица, така што нема да треба да се кичмиме за да чистиме и фарбаме:
Потоа со антироз и сунѓерче ги натопивме сите кородирани делови кои беа пристапни:
Па потоа ја одстранивме 'рѓата од нив и ги сушевме и оддувавме од остатоци со воздух од компресор:
Потоа...фали една фаза, а таа фаза е лепењето на креп трака. Во тоа време со доктор шереметковски малку забегавме со домашната и нумерите кои дополнително создаваа еуфорија на нашето расположение, почнувајќи од "Заплакало је Мариово", па "Мома крај извор седеше", па "1762 лето" и се до Касапско и Велгошко Оро. Притоа понесен од музиката Др. Шереметковски го извади тапанот од фиока и како дел од Ансамбал Билјана го надополни спектарот на инструменти:
Секако уз добрата домашна:
имавме и соодветно мезе:
Па се надевам дека ќе разбирете зашто пропуштив да ја сликам фазата на лепење на креп трака по дисковите...Наредно се офарбаните бубњеви и шепи со залепената креп-трака:
Или откако се одлепи креп траката тоа изгледаше вака:
Па потоа се монтираа тркалата:
Поточно:
и се направија мали корекции на фарбаното...
Финално, еве како изгледа офарбаниот дел од бубњевите:
и офарбаните шепи:
На крај сакам да се зблагодарам на безрезервното залагање на вработените од клиника Аутопретиж без чијашто помош овој проект немаше да биде реализиран.