Ајде бидејќи повеќето на форумов се расправате со компјутериве ви ја давам последната шанса пред да ја фрлам тастатурава низ прозор. Значи од нигде никаде се си работеше како што треба и одеднаш се појави проблем да откога ќе се задржи било кое копче компјутерот не регистира доколку се притисне второ. Така да сега неможам да пишувам големи букви со шифт, не можам да сменам кирилица/латиница со шифт и алт, не можам да ги користам кратенките со цтрл, а ни случајно не можам да возам на игрици каде што треба да се држи стрелката за право и да се притисне лево или десно. Ако знае некој да го реши проблемот, доколку е софтверски, ќе ми спаси непотребно фрлање пари за нова тастатура и добива пиво
П.С. Големите букви во постов ги пишував со Капс Лок