Автор Тема: Совет за Млад возач!  (Прочитано 20310 пати)

Отсутен hellboysk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 19
Совет за Млад возач!
« на: 20 Мај 2011, 03:36:02 am »
Здраво дечки, мене форумчево ми го покажа еден другар во школо ... и многу ме заинтересира посебно тоа што сите сакаат да помогнат и навистина мн можете да помогнете со оглед на вашето искуство и знаење. За разлика од вас јас воопшто не се разбирам. Сега не како некој да не знае да смени гума или да меша картер со карбуратор али ... не се разбирам факт. Млад сум.. неам искуство ни 1 год на ова розевава картичка а веќе сум во минус 300 евра на нејзе :))) Но доволно брборам ... Советот што го барам од вас е следниов... ми беше матура и собрав парички па очајно сакам некоја кола ... да се тркала... поентата е што немам знаење немам искуство а немам ни кујзнае колку пари за да платам нешто доверливо или некому доверлив да провери што купувам или да ми најде нешто. Можам да си дозволам нешто до 500 евра максимум ... па некој ако има некоја идеа... предлог а можеби има нешто по дома што не му треба а тоа се тркала и нема да ме остави негде :)))) Па се надевам дека некој нема да ја види можноста да ја искористи мојата наивност , младост и глупавост :)) Поздрав!

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9197
  • Аstra la vista baby !
Одг: Совет за Млад возач!
« Одговори #1 на: 20 Мај 2011, 03:47:05 am »
Здраво Хелбој ! Добредојде !
Отвори Пазар3,Реклама5... Имаш Застави Југа солидни за 500 - 600 евра...
Како млад возач би ти препрачал Југо... Малечко гратско количе + ако има плинче нема поубо !
Види разгледај... Земи некој шо се разбира со тебе ко ке гледаш во живо...
Се надевам ке најдеш нешто... Среќно
бтв. смири се малку внимавај додека си млад возач... Без алкохол и возење после 23ч
Поздрав !


Отсутен hellboysk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 19
Одг: Совет за Млад возач!
« Одговори #3 на: 20 Мај 2011, 13:21:08 pm »
Фала друже многу убаво изгледаат :) Доста се примамливи :)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17554
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Совет за Млад возач!
« Одговори #4 на: 20 Мај 2011, 13:24:01 pm »
http://pazar3.mk/Listing/Detail/Index/524116?searchID=1883384&Idx=61

Имаш и нешто вака, прва кола на која се сеќавам дека сме ја имале беше корола од 78 година. Преку 600 000 поминати без ремонт! До смрт се вози ова, а и прилично кул е за шеми правење! :)

Отсутен hellboysk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 19
Одг: Совет за Млад возач!
« Одговори #5 на: 20 Мај 2011, 14:14:07 pm »
http://pazar3.mk/Listing/Detail/Index/524116?searchID=1883384&Idx=61

Имаш и нешто вака, прва кола на која се сеќавам дека сме ја имале беше корола од 78 година. Преку 600 000 поминати без ремонт! До смрт се вози ова, а и прилично кул е за шеми правење! :)

Е друже ова стварно ми се свиѓа ... навистина ми фати око :) Посебно олдскул изгледот некако , плус е нешто несекојдневно за разлика од југо... да не се сеќаваш отприлика која потрошња е ?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55019
  • Махер
Одг: Совет за Млад возач!
« Одговори #6 на: 20 Мај 2011, 14:16:17 pm »
http://pazar3.mk/Listing/Detail/Index/524116?searchID=1883384&Idx=61

Имаш и нешто вака, прва кола на која се сеќавам дека сме ја имале беше корола од 78 година. Преку 600 000 поминати без ремонт! До смрт се вози ова, а и прилично кул е за шеми правење! :)

Е друже ова стварно ми се свиѓа ... навистина ми фати око :) Посебно олдскул изгледот некако , плус е нешто несекојдневно за разлика од југо... да не се сеќаваш отприлика која потрошња е ?
Ова бара полирање... полирање... чистење. Ама си имаш занимација, да ја средуваш. Ем ќе ја шитнеш пак исто пари.

Отсутен hellboysk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 19
Одг: Совет за Млад возач!
« Одговори #7 на: 20 Мај 2011, 14:19:19 pm »
http://pazar3.mk/Listing/Detail/Index/524116?searchID=1883384&Idx=61

Имаш и нешто вака, прва кола на која се сеќавам дека сме ја имале беше корола од 78 година. Преку 600 000 поминати без ремонт! До смрт се вози ова, а и прилично кул е за шеми правење! :)

Е друже ова стварно ми се свиѓа ... навистина ми фати око :) Посебно олдскул изгледот некако , плус е нешто несекојдневно за разлика од југо... да не се сеќаваш отприлика која потрошња е ?
Ова бара полирање... полирање... чистење. Ама си имаш занимација, да ја средуваш. Ем ќе ја шитнеш пак исто пари.

Мене и мерак ми е малце да средувам ... да научам нешто не како абдал на 18 години не знам ништп .. срамови... :)))

Башка и ме интересираше за делови дали е тешко да се најдат за колава  ? :) (за секој случај)

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: Совет за Млад возач!
« Одговори #8 на: 20 Мај 2011, 14:19:30 pm »
најчесто тие коли што се по 500 евра седат паркирани подолго време и не се регистрирани, значи може да биде и исклучок, но најчесто ќе имаш дополнителни трошоци за регистрација промена на масло филтри за масло воздух и што уште не, значи рачунај си дека 500 евра нема баш да ти стигнат, моја препорака е ако имате фамилјарна кола вози ја неа додека не заштедиш уште некое евро, а пак ако си цврсто решен да си купиш кола со тие пари што ги имаш еве ти неколку огласи, некој се над 500 евра ама можеш да се исценкаш или пак да измолиш уште некое евро од баба дедо :)

http://reklama5.mk/Details.aspx?ad=0jpY39U/+Rs=&type=&new=&file=uxYFy7VMG7ObgS155d6dig==&q=mBoFQF96u/RPK8Pg36jHuWIObBXSQBULw0xdsOz3GUaLiRPFOd3H9Mi/ugdrtaWVYG8RCvqKqgYLgJn2GvuAKsuef/%20vHcqvWy2E8HaRJkC3fO4cDH78FQ==

http://reklama5.mk/Details.aspx?ad=jVEw85YfCTc=&type=&new=&file=uxYFy7VMG7ObgS155d6dig==&q=mBoFQF96u/RPK8Pg36jHuWIObBXSQBULw0xdsOz3GUaLiRPFOd3H9Mi/ugdrtaWVYG8RCvqKqgYLgJn2GvuAKsuef/%20vHcqvWy2E8HaRJkC3fO4cDH78FQ==

http://reklama5.mk/Details.aspx?ad=YEVnQAPTceQ=&type=&new=&file=uxYFy7VMG7ObgS155d6dig==&q=mBoFQF96u/RPK8Pg36jHuWIObBXSQBULw0xdsOz3GUaLiRPFOd3H9Mi/ugdrtaWVYG8RCvqKqgYLgJn2GvuAKsuef/%20vHcqvWy2E8HaRJkC3fO4cDH78FQ==

http://reklama5.mk/Details.aspx?ad=mkWf7NV1frc=&type=&new=&file=uxYFy7VMG7ObgS155d6dig==&q=mBoFQF96u/RPK8Pg36jHuWIObBXSQBULw0xdsOz3GUaLiRPFOd3H9Mi/ugdrtaWVYG8RCvqKqgYLgJn2GvuAKsuef/%20vHcqvWy2E8HaRJkC3fO4cDH78FQ==

http://reklama5.mk/Details.aspx?ad=sDlo6+HHWec=&type=&new=&file=uxYFy7VMG7ObgS155d6dig==&q=mBoFQF96u/RPK8Pg36jHuWIObBXSQBULw0xdsOz3GUaLiRPFOd3H9Mi/ugdrtaWVYG8RCvqKqgYLgJn2GvuAKsuef/%20vHcqvWy2E8HaRJkC3fO4cDH78FQ==

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55019
  • Махер
Одг: Совет за Млад возач!
« Одговори #10 на: 20 Мај 2011, 14:25:44 pm »
Голф 1 дизел би било исто фантазија, ама е скупичко ваљда. Незнам колку иде во цена.

Отсутен hellboysk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 19
Одг: Совет за Млад возач!
« Одговори #11 на: 20 Мај 2011, 14:26:50 pm »
Фала ви многу за перпоракиве ... сите се супер ... и за тие пари тоа е што е ... да имав барем нешто да возам супер ќе беше но поентата е што имаме само еден зелен 101 кој е исчукан нерегистриран и чмае на паркинг веќе 2-3 месеци не е ни пален ... баш денес ќе изведувам палење :))) Како што не е пален на бензин 1 година ... ќе биде мошне интересно.
Се надевам дека ќе присоберам и јас уште некое евро па да земам нешто... најискрено .... што и да е само мое да е :)

Отсутен hellboysk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 19
Одг: Совет за Млад возач!
« Одговори #12 на: 20 Мај 2011, 14:27:53 pm »
Па голфовите посебно дизел ретко некој асален под 900 евра иако не викам дека е скапо ... вреди за таа машина... плус ептен се економични ... да имав нешто повеќе пари немаше да размислувам два пати пред да го земам.

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: Совет за Млад возач!
« Одговори #13 на: 20 Мај 2011, 14:56:41 pm »
ќе ти препорачав да си земеш и опел кадет од 86-та или 87-ма, ама кај нас не се нормални со цениве на половниве возила, кадет од 87-ма 1100 евра му бара, сепак јас би ти препорачал да си земеш голф кец па нека е и бензин, квалитетни докажани машини, а половни делови имаш за нив на секое ќоше за ефтини пари, колку и да сум емотивно приврзан за 101 и југо не можам да ти ги препорачам

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43776
  • Il Moderatore
Одг: Совет за Млад возач!
« Одговори #14 на: 20 Мај 2011, 15:05:35 pm »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.