Денес бев на тест возење на Geely Starray
Можам да кажам за 90% од возачите е одлично возило, премиум во секој поглед, од материјали, држење, суспензија, опрема, освен што нема фабричка навигација и blind spot радар друго има буквално сѐ и сѐ за разлика од кај VAG може да се исклучи и да не ве замара.
Простор има одлично, а чим јас ви кажам има, тогаш немате право да се жалите 😂
Е сеа за нас останатите 10%
Прво и можеби не се криви Geely, таква е технологијата- греачите на шофершајбната – ситни линии низ стаклото – се прилично забележливи. Не очекував такво нешто.
Мислам на јако Сонце или под некој чуден агол доста ќе се приметува.
2) Возењето - Што се однесува до возењето, чувството е... хм, чудно. Како да нема директен контакт со патот, како да „лебди“. Се е супер, нема body roll, убаво ги фаќа дупките, ама има нешто што не знам дали дека е SUV или премногу се сконцентрирани на удобност,.па малку претерале.
Самото високо седење, кое требаше да биде плус за удобноста, едноставно не ми го даде тоа чувство на контрола. Пример ако седиш на коњопој на убаво комотно столче и после да седниш на убава фотелја.
Исто на 120 км/ч без никаков ветер морав да правам мали микро корекции на воланот да седи во лента. Воланот е за нијанса потежок од кај Шкодата да речеме и малку нервира цело време да ја корегирате. Уморува
Сума сумарум: супер возило, апсолутно никакви евтини материјали во внатрешноста, сосема на ниво на сите европски и азиски конкуренти.
Мислам дека со мали подобрувања на суспензија, волан ќе биде одлично возило.
30км/ч просек 9 литра/100км потроши. Рутата беше Џевахир, Нова Железничка, Ист Гејт, малку после Белви и назад преку Бриколаж до Џевахир.