Мене исто ми се случи вакво губење време со затемнетите стакла. Свифтот мој има фабрички затемнети стакла, се работи за возило од салон. При креирање на сообраќајната во ПСС не ми беа впишани во сообраќајна. Поминува една година, одам да се регистрирам - никаква забелешка. Поминува втора година, одам да се регистрирам (овојпат во Автомакедонија во Кисела Вода) и таму џандарот на шалтер ми вика дека не ми се впишани стаклата во сообраќајна и дека е проблем. Ми вика да отидам таму кај што ми ја создале сообраќајната (во ПСС), да ја дополнат, и тоа морал да ја дополни баш човекот кој го ставил потписот и печатот при создавање (после 2 години замисли). Узпут ми го утна датумот на регистрација и ми украде 3 дена, али јебига, кај ќе се расправаш со брајча, едвај зборат македонски. Отидов во ПСС на шалтер на МВР, дечкото од таму ми вика - не бе, нема врска, ако ти се фабрички, не треба да ги има во сообраќајна, не се секирај.....
И изгубив неколку саати од мојот живот за курташак....
Откако ја купив колата, ме има застанато полиција за контрола неколку пати, никогаш ништо не рекле за стаклата....