Впрочем, сите сообраќајќи до една се предизвикани од брзо возење. Секоја брзина е критична за секоја ситуација.
Јас мислам повеќето сообраќајки се предизвикани од бавно возење. Секогаш некаде ќе се погоди некоја флегма да кочи сообраќај. Нервози еден куп.
10 коли чекавме ред зад едни чупишта да отвори угорница со две ленти, за тие да возат сеуште 60 на отворено и во двете ленти.
Уште подобро би рекол:
„Заради неприлагодена брзина во однос на условите на патот.“
Тоа може да е и висока и ниска. Затоа треба да се вози согласно условите на патот. Имено кога разликата на брзините на возилата е помала, тогаш и шансите за сообраќајка се помали. Конкретно на Те-Го сите возат 110кмч. Затоа 80кмч е многу несигурна брзина, исто како и 160кмч. Уште поизразено е на стража или пресека каде има јасно возење од 50-70кмч зависно од кривините. Ако некој вози 30-50кмч на сончево и суво и прегледно време тоа е неприродна брзина за останатите учесници во сообраќајот. И затоа прави потреба да се претекнува.
Односно ако има 100 возила во 1ч на Стража. И сите возат 50-70кмч. Бројот на претекнувања е околу 20 и секое од нив си носи со себе извесен процент на ризик. Ако се појави возило со 30-50кмч и прави колони, таа бројка на претекнувања од 20, сега преминува на 120!!! Значи наместо да има 20 претекнувања, сега сите тие возила згора на тоа што се претекнуваат меѓу себе, треба даго претекнат и возилото кое кочи сообраќај. А тоа додава уште 100 претекнувања!!! Заради само едно возило кое кочи сообраќај! А со тоа и шансата за сообраќајка енормно расте за 6 пати (ПАТИ).
Подеденакво исто е и ако едно возило вози со 90-110кмч на стража. Тоа едно возило мора да ги претекне тие 100 возила за да може да ја одржи таа брзина. Значи 20+100 = пак сме на 120 претекнувања!
Затоа е многу опасно да се вози со несоодветна брзина во однос на условите на патот. Пример е и патот Солун-Тасос каде со брзини под 150кмч ризикуваш да се собрере дедо од 71 година со кљусев тојота кој си патува лежерно со 155кмч, како и сите останати возила на таа делница.