Автор Тема: Citroën Saxo 1.4i SX  (Прочитано 19843 пати)

Отсутен snail

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 43
Citroën Saxo 1.4i SX
« на: 20 Мај 2011, 01:29:59 am »
Поздрав до сите членови на форумот и еве, дојде ред да ви го представам и јас нашето фамилијарно аутце, коешто можеби не е посебно, ама за нас и те како е. Ова е првата наша кола и сме многу среќни поради фактот што после 10 (со букви: десет) години од последната моја лимузина (Фиат 126, или далеку попозната во народот како ПЕГЛА) конечно можеме да кажеме дека се возиме. Пеглата ми ја има извадено душата, а целосно испразнила џебот пошто сите пари од платата ми одеа на поправки и за цели 2 (со букви: две) години колку што ја имав кај себе, ја имам возено вкупно 3 (со букви: три) месеца. На крај ја дадов на подарок за 50 евра (колку што кошта една вистинска пегла за алишта). Извинете што малку забегав, ама уште ме боли срцето и немоќам да си прежалам каков looser сум бил.
Да се навратиме на аутово. Во посед го имаме десет месеца и го представуваме нашиот Citroën Saxo 1.4i SX, 3 door 1.4 litre (1360 cc) Inline 4 75 PS, 5 speed manual, VTS LOOK (што значи само шасијата е од VTS). Со оглед дека има 3 (со букви: три) врати троа повеќе се мачиме да го внесуваме/изнесуваме малото ни бебче, но што е-тука е. Рака на срце, има прибајаги км зад неговиот аусух (175.000) и сме втори газди, ама машинчето му влече како ненормално и на правец почнува да бучи над 110 км/час. Првиот газда го знаеме и многу добро го има сочувано (шурата ми), а за ремонт за жал ќе чека на некоја подобра економска состојба. Затоа по вашиот совет (кој ми го дадовте на форумов и сум многу благодарен) при првата можност ќе го подосвежиме со едно Liqui Moly Ceratec.
 Друго ауто немаме, а ова многу си го љубиме. Не сум никаков стручњак за коли (тотален лаик шо се вели), но тоа не значи дека не сум мераклија на добри автомобили и добра вожња. Затоа еве го споделуваме нашето фамилијарно благо со сите вас. Доколку ве интересира нешто повеќе, слободно пишете, а јас со мерак ќе ви одговорам.
П.С: Бапнавме завчера нови задњи kayaba excel g амортизери, старите у канта. Има разлика и те какоооо!!!

[датотека избришана од администраторот]
« Последно менување: 23 Мај 2011, 02:18:14 am snail »
Fast as death!

Отсутен snail

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 43
Одг: Citroën Saxo 1.4i SX
« Одговори #1 на: 20 Мај 2011, 01:32:23 am »
додаток слики посшто не ги собираше во првиот

[датотека избришана од администраторот]
Fast as death!

Отсутен snail

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 43
Одг: Citroën Saxo 1.4i SX
« Одговори #2 на: 20 Мај 2011, 01:33:19 am »
и последна

[датотека избришана од администраторот]
Fast as death!

Отсутен koska147

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 88
  • Very Fast Area Production
Одг: Citroën Saxo 1.4i SX
« Одговори #3 на: 20 Мај 2011, 01:38:48 am »
Staklo ti e saxovo:)mnogu blagodarno auto imav vakvo samo 1.5d abe dushaaata dushaata mu ja vadev muka nemashe:)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14231
  • Пудингот на шоферството
Одг: Citroën Saxo 1.4i SX
« Одговори #4 на: 20 Мај 2011, 01:43:52 am »
zosto remont da mu pravis koga masinceto mu e ubavo  ??? ??? ??? ??? ??? ??? teraj tamu super si e koliceto...mnogu bezgrizni km
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен snail

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 43
Одг: Citroën Saxo 1.4i SX
« Одговори #5 на: 20 Мај 2011, 02:10:17 am »
zosto remont da mu pravis koga masinceto mu e ubavo  ??? ??? ??? ??? ??? ??? teraj tamu super si e koliceto...mnogu bezgrizni km
Па поради фактот што има бајаги километри поминато и валјда е пожелно да се ремонтира машината ради освежување или сум во грешка?
Fast as death!

Отсутен snail

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 43
Одг: Citroën Saxo 1.4i SX
« Одговори #6 на: 20 Мај 2011, 02:11:24 am »
Staklo ti e saxovo:)mnogu blagodarno auto imav vakvo samo 1.5d abe dushaaata dushaata mu ja vadev muka nemashe:)
Сега за сега ме нема изневерено, па се надевам и во иднина така да остане. Првиот газда беше презадоволен и уште со ќеиф го гледа :)
Fast as death!

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9193
  • Аstra la vista baby !
Одг: Citroën Saxo 1.4i SX
« Одговори #7 на: 20 Мај 2011, 03:18:36 am »
Одлично количе !!! Чувај си го !!! А за ремонт мислам дека му е рано... Поздрав и многу безгрижни км и од мене...

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: Citroën Saxo 1.4i SX
« Одговори #8 на: 20 Мај 2011, 09:30:00 am »
Џам кола...терај си ја и уживај !!!!

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10944
  • 430i
Одг: Citroën Saxo 1.4i SX
« Одговори #9 на: 20 Мај 2011, 10:50:47 am »
И вие и бебчето сте направиле одличен избор.
Многу безгрижни километри :)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17441
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Citroën Saxo 1.4i SX
« Одговори #10 на: 20 Мај 2011, 13:14:07 pm »
Една од омилените градски коли, па и со VTS изглед? Совршено! Предлог еден: нека ти најдат скаутите на форумов некои бандажи така пофини, и да ти биде меракот комплетен. УШте многу безгрижни километри да си возиш!

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: Citroën Saxo 1.4i SX
« Одговори #11 на: 20 Мај 2011, 13:47:00 pm »
друже количево ти е супер јас сакав сега да го трампам клиото со доплата за Saxo VTS ама се потрошив за пумата и здравје за догледна иднина останува, за ремонт не ни помислувај ако е добро одржувано ќе тера уште толку без проблем, не е лошо да ставиш Ceratec и injection cleaner осетно ќе ти се подобри работењето а ќе ти се намали и потрошувачката и исто можеш советот од Мартин да го послушаш за бандажите, ама како ќе бидеш во можност така, кола полека со мерак се средува :)

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Citroën Saxo 1.4i SX
« Одговори #12 на: 20 Мај 2011, 14:17:40 pm »
Нека ти е со среќа! Незнам што подразбираш под ремонт, само да те потсетам дека треба да продолжиш со редовните сервиси (прашај го шура ти што све сменил, како би знаел на што си и што ти е на ред за промена). Ти посакувам многу безгрижни километри со фамилијата ;)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Citroën Saxo 1.4i SX
« Одговори #13 на: 20 Мај 2011, 14:23:01 pm »
Одлично ауто. Цитроен, според мене, е Цар кога се во прашање малите градски количиња. Со здравје да си го возите и све најбоље.

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Одг: Citroën Saxo 1.4i SX
« Одговори #14 на: 20 Мај 2011, 14:31:44 pm »
Со здравје да си го возите и све најбоље ;)
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)