Убаво рекле,легни си и другиот ден со бистра глава (ма да синоќа не заспав мислејќи што да правам).
Еве што направив,каблите што искачаат од разводна бидејќи беа како што беа предходно кога колата работеше,ги обележав на пример:
-горен кабел за 1 клип/свеќица,долен за 4 клип/свеќица итн,ги извадив сите од разводна,ја наместив пластиката со жлебови за каблите пред разводник,ми текна на она со кривините на каблите,која како иде,ги ставив у жлеб на капачето и на разводникот ми дојдоа како што биле предходно пред да ја свртам капата.Ми дојдоа контра,значи за 90 степени,горниот за 1 клип ми дојде доле,2 за 4 ми дојде горе итн.Ај да запалам.......чакмак,насмевка на лице
Колата убаво запали со нормално мало верглање,убаво работеше,ја повозев и ок си е.
Неколку прашања сега:
1. Пошто ја возев,постигна температура,колата си работеше убаво и проблемот што го имав со гасење во вожња и сецкање го нема,дали лошо наместената разводна капа е причинител за тоа,пу пу пу да не го заречам,денес накај работа подолга релација ќе видиме како ќе е?
2.Дали вака точно наместен разводник,ваљда и мало изместување на палењето може да е причинител да колата е побрза и поубаво да прима?
3.Шо че пијате?