Автор Тема: Водич, менување на сијалички на Ford Fiesta Mk6!  (Прочитано 1605 пати)

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Водич, менување на сијалички на Ford Fiesta Mk6!
« на: 30 Октомври 2014, 16:15:41 pm »
Сликиве не се мои, ама еве ќе отворам една тема, се надевам дека на некого ќе му се најде и дека ќе биде од корист  :)

Поради ограничениот пристап кај Фиестата, за да се промени сијаличка морате да го извадите цел фар. Пред да се почне препорачливо е да се отстрани негативниот пол од акумулаторот. Најпрво пред да почнете, потребно е да ја остраните сивата решетка. Постапката е следна:

1. Ја откачувате сивата решетка од двете страни со подигање каде што е закачена се гледа, исто така со подигање ја откачувате во делот каде што е споена со браникот, повлекувате благо накај вас и повторно нежно подигнете :)



Еве сликовито



2.Сега имате пристап до сите штрафови. Одвртете ги со T30ка, за завртката што е на втората слика пожелно е да имате клуч како на третата слика но можете да завршите работа и со некој пократок крстач. Браникот може малку да се повлече но внимателно да не го пукнете  :) Покрај завртките како што гледате на сликата фарот е закачен со уште една пластика, подигнете за да го откачите







3. Откако ќе ги одвртите сите навртки треба да го направите следното. Фарот ќе биде лабав но треба да го откачите од крилото, прикажано е на следнава слика. Тоа ќе го направите со внимателно влечење на фарот нанапред.



4. Сега треба да го откачите конекторот, подигнете малку нагоре и повлечете, лесно е  :)





5. Сега кога фарот е целосно изваден можете да почнете со промена на сијалиците. За да стигнете до нив ве делат само капачиња. На сликата со стрелки е прикажано како се вадат.





6. За да ја извадите сијалачката за средно светло имате конекторче си жички, треба прво него да го остраните.

7. Откако ќе го остраните можете да ја смените сијаличката со нова, повлечете да ја извадите. Ставете ја новата и вратете го конекторчето со жички.



8. Позиционото сијаличе можете да го извадите со влечење нагоре, внимателно пошто е нежно може да го сроните  ;D



 
9. Пред да почнете да ја повторувате постапката по обратен редослед проверете дали сијаличките светат.



Не е некој туторијал ама јас според сликиве успеав, се надевам дека барем малку ќе успеам и на други да помогнам, иако сум лаик и не сум некое мајсторче :)

Напомена: Не одговарам за било каква настаната штета во процесот на менување. Се си правите на своја одговорност.

Отсутен timoha

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 77
Одг: Водич, менување на сијалички на Ford Fiesta Mk6!
« Одговори #1 на: 30 Октомври 2014, 18:34:30 pm »
Jas kaj mene koga menuvam sijalici ne vadam far tuku go vadam kazanceto za antifriz na eden straf stoi. inaku za farot i se drugo imam klucevi torex