prasanje za poiskusnite..
imam opcija da zemam od selekt programata na volvo od svedska, xc60ka T6 hybrid benzin/electro od 2029ta so 90k pominati so air suspension. Malce me dvoumi air suspensionot vo pogled kako se kvalitetni .. so ogled na toa deka vozam okolu 15k godisno.. motorot mislam deka e ok vo odnos deka e benzin..
sto mislite
@velestrumf го има истиот или сличен мотор во V60.
Airsuspension е прашање на време кога ќе испушти душа ама на толку нова кола и таа километража мислам ќе немаш проблем наредните 10 години.
Јас би го зел без да се мислам многу.
Само проверија добро како е одоздола, Швеѓаните ставаат сол доста. Ако е од Малме и околина помалку сол ставаат.
car.info можеш добро да се информираш за историјата на колата.
@JR Интересно годиште ХС60кава
За воздушна суспензија не би можел да ти кажам што како, не знам...
Чинам дека истата палета на мотори се нудеа во ХС60 и V60, и у зависност од годиштето, системската моќност е или 341 КС (постарите погони) или 398 КС (од октомври 2021 до негде септември 2023).
Кај постарите погони, електричниот досег е прилично слаб, така да претпоставката е, дека ќе треба почесто да се вози на бензин, а тоа значи солидна потрошња, пошто сепак е големко возило, а моторот е 2.0 турбо со 250ина КС и си сака да си потпивнува. Електромоторот е некои 90ина КС, а батериите се (мислам дека) 11 кВч.
Кај поновите погони (како кај моето Волво), електричниот досег е скоро дупло (јас до сега имам извадено 72 км), електромоторот е со 145 КС и батериите се 18 кВч.
За мерење на потрошувачка на гориво (бензин и струја) кажав веќе во мојата тема дека ќе ги зимам податоците од возилото/апликацијата како релевантни, пошто е практично невозможно (а богами и нејќам да се замарам до толку) да си прави човек пресметки како кај конвенционален мотор. Во изминативе 3161 км, има просечна потрошувачка од 2.8 л /100 км. Во последните 100 км, 2.0 л/100 км.
Јас лично сега за сега сум презадоволен од возилото и можам само да го препорачам. Зборам за V60, не за ХС60