Кога се донесе законот сите беа ПРОТИВ возењето со светла дење, сега кога (наводно) се укинува законот сите се ЗА возењето со светла дење ?!? (со ретки исклучоци)
Па дај одлучете се еднаш !!!
Впрочем мене ми е сосем нејасно, како една култивирана и авто-мото свесна заедница не коментира против употребата на пазарски ксенон, али експрес лед-шишарки и останати варијации на вана-би хај-енд светлосни системи со петпарачки и тотално небезбедни сијалички.
И не само тоа, туку како е возможно секоја втора кола во МК да има во некој облик неисправни (прегорени), недозволени (бит-пазар ксенон во југо фар), несоодветни (чајна лед во Н1/Н4/Н7 изведба) и останати варијации и имитации со колорирано стакло и скроз фалш изведба - и скоро никој за тоа да не се буни и коментира

Секое враќање од странство овер-анд-овер-агаин истиот заклучок: - Ние сме земја на искомплексиран народ кој суетата си ја лечи со тјунинг од секаков облик ама за џабе пари - од имитација на снагата на возилото со фејк спојлери, издуви, усисни решетки и остали козметички глупости до имитација на скапи светла со ефтини компоненти.
Е па, драго сиромашно македонче, тјунингот е скапа работа, да си знаете. Еден фар опремен со ксенон/лед кошта 500+ еур. Со вашите 50 еур на пат ноќе ВИЕ сте СЛЕПИ, а возачите отспротива ЗАСЛЕПЕНИ.
П.С. И дај бе мајку му, кога сте дале веќе 50 еур на Бит-пазар за ново Ултра-Хај-Енд плаво срање, дајте уште 50 денари за жмигавец, штоп или позициона сијаличка !!!
После се чудиме зошто на првата гужва во комбинација со дожд 300 сообраќајки - па од технички неисправни ама затоа дебело нашминкани канти.