Ги пробал некој Philips Ultinon Access?
Демек побуџет варијанта, вади/стави ситуација... 2690 се H4 во Carbox...
И онака ги имам овие филипсовиве скоро година дена, ќе рикаат кај и да е, па мислев да преминам на овие лед, па да сподели некој искуство ако има...
Sent from my Xiaomi 13T
Ок се. Појаки се од најдобрата и нај сјајна Осрам/Филипс халогенка што можеш да ја купиш.
Послаби се од Ultinon лед серијата на Филипс.
Повеќе лумени имаат од халогенка, снопот е одличен и е солидна надградба од халогенка на ЛЕД.
Јас ги ставив на Фиеста во фар со лупа каде што претходно имаше Најтбрејкер халогенки на Осрам. Има разлика ама не е нешто потресителна.
Споредено со Ultinon Лед серијата каде што јачината на светлото во лумени е драма.
На пример ако најдобрата халогенка осветлува 100 лумени. Овие би осветлувале 150 лумени. А Ultinon би биле 400 лумени.
Ова со лумениве од ракав го истресов само за споредба. Незнам колку е декларирана вредност.
Провери ги пред да ги купиш дали може да ги ставиш обично прават фрка со canbus и не светат кај поновиве возила. Не ги детектира воопшто системот. Овој проблем е само как овие сијалици конкретно. Кај другите нема фрка.