Јас со халогенките фабрички, кога ја увезив, си беја океј, не сметаа на никој. Бев кај нас на технички да ми ги подеси, ми ги крена во облаци, се со ред ми блиндираше. Се враќам му велам вака и вака,, ми вика брат машинава е најточна како така,, спушти ги му велам... Ми ги спушти, пак ми блиндираше се со ред,,, после тоа ги подесив сам од око, па престанаа... Потоа наместив ЛЕД, отидов пак таму да ми ги подесат, ми вика брат ЛЕД неможе да се подесат. Пак јас си ги подесив, ама не беја добри како овие сега од Zdatt, малку пониско ми беја ставени, никој не ми блиндираше.
Сега со овие од Zdatt, спрема видеоно од youtube ги подесив, перфектни се и воопшто не заслепувам никој, чиста линија. Малку и пониски ми се некој сантим од препорачаното, ама сакам безбедно да се возам, да не заслепувам никого...
И на крај,,, што ми беше поентата,,, НЕ се криви луѓето што им се кренати фаровите да заслепуваат се пред нив, ТУКУ овие од техничкиве абер си немаат. Инаку тоа машината треба до милиметар точно да ги подеси, ама глупав човек поставен на несоодветна позиција тоа го има само во мк. Сметај на пола град (оти популарно е местово од техничкиов) им ги има кренато во облаци. Сега во друг технички ја носам, незнам дали се научија да подесуваат светла овие претходно
