Мал update на темава
Ќе почнам со Ford Fiesta.
Бев во Ми-да и ми беа понудени следниве понуди:
Ford Fiesta пред facelift 1.4 TDCi за 11.100 евра со Trend ниво на опрема и 5 врати.
Ford Fiesta facelift 1.5 ТDCi за 11.800 евра исто со Trend ниво на опрема и 5 врати ама има плус Safety pack 1 кој вклучува ESP+EBA, странични воздушни перничиња,воздушни завеси,воздушно перниче за колено кај возач,можност за деактивација на совозачко перниче.Истата може да се земе без Safety pack 1 кој кошта 400 евра.
Двете фиести се нудат со раткапни што малце ми скрши филм,но предноста кај фејслифтираната е тоа што фабрички доаѓа со 15-ки и може да улета некој друг бандаж, за разлика од претходната која што доаѓа со 14-ки.Исто така доаѓа со појак мотор кој што помалце троши.
Лошата страна е што старата повеќе ми се свиѓа на лик особено во предниот дел.
Следно Citroen C3 HDI 75 со confort ниво на опрема за 11.700
Највеќе кај оваа кола ми се допадна несекојдневниот внатрешен дизајн ама затоа централната конзола поготово радиото неможам да го сварам.
Kia Rio 1.2 85 - 11300 евра
Најголема предност кај оваа кола е тоа што има најмногу опрема од сите понудени.Со моделската 2013 година доаѓаат:
LED дневни светла, фар со лупа, cornering lights,
LED задни светла
LED светла во ретровизори,електрично преклопливи ретровизори
кожен менувач и волан
ESP+ABS+EBD+TCS+NAC+VSM
електрика на сите стакла и сл.
Единствена мана е што дизелот е поскап 2000 евра и треба да се чека 3 до 4 месеци.
Моментално сум на 300 памети па сакам да слушнам и Ваши мислења пред да се одлучам.