Дуле еве и ја да кажам нешто.Знам дека повеќето од форумов ќе речат овој почна да го тупи со Рено ама ја пак ќе си кажам.
Ако воопшто ти се допаѓа новото клио оди до Аутомотив и види го и пробај го.
Имаат тест возило со 0.9 мотор,турбо бензинец со 90кс со старт & стоп технологија која заштедува гориво.Тоа клио што го имаат како тест возило е поприлично напукано со опрема.Има 7 инчен тач скрин со навигација со карти на европа,со мп3,блутут,усб,многу добар аудиo систем,Има ЕСП,комплетна електрика,алу бандажи 16ки,клима уред и уште многу други работи кои нема потреба да ги набројувам.Работи кои ги нема ни во повисока класа на возила.
Е сега цената е навистина претерана.Каталошката цена на тој модел со таа опрема е 14650е на кој одма ти даваат 10% попуст и доаѓа до цена од 13200 што по мене е висока иако е нов модел.
Мој предлог,откако ќе го пробаш ако воопшто ти направи мерак и ако не ти е проблем да купиш неколку месеци старо возило со неколку иљади километри,разговарај за купување на тоа возило што ќе го пробаш уствари тест возилото.
Нека ја кажат они нивната цена за тоа да речеме половно возило а ти ќе ја кажеш твојата цена која можеш да ја дадеш.
Мислам дека без проблем би го земал тоа возило за 11000е ако не и подоле што по мене е одлична цена,за возило со таков мотор и таква опрема!
Се работи за исто вакво,иста боја,исти бандажи.
Отприлика ваков ентериер