Квалитетот на пластиките не е оправдување за монтажа на таблиците со поп-нитни или штрафови. Точно е дека првите рамки од пластика брзо гореа на нашево сонце, па стануваа крти и се ронеа/кршеа. Сегашните за среќа се далеку поквалитетни, и ако добро се монтираат ( убаво дебеко хол шрфче со малцека дупка претходно ) нема да има никаков проблем да се откачат.
Модификација на таблица за мене, придонесува за шабанизација на колата, која што во никој случај нема да ја направи колата полична, осем делумно шабански единствена.
Иначе, да на времето, не само ЈУ-таблиците туку и во останатие земји таблиците се прицврстуваа со штрафчиња, а ако се сеќавате, имаше и штрафчиња со мачии окциња, во црвена и зелена боја. Супер држеа штрафчињата, некои зарѓуваа, ама другари бре тоа беше пред 20 години, нормално е и таблиците да еволуираат.