Вчера го сефтосав патов, влегов во левата лента пред тунелот и си терав по неа до крај каде што се спојува во двосмерен пат. Немаше никаде испрекината за да се престројам десно.
Патот е солиден, малку нерамен како за нов пат, но да не се жалиме

. Делницата што ја пуштија вчера се вози за некои 5-6 минути.
ПП-СК (табла до табла) стигнав за 1час и 10 минути што е супер време и многу побезбедно во однос на стариот пат. Возење нешто ситно над знаци на Плетвар и по експресниот, на автопат по знаци.