не. приватен смештај. лани по препорака отидовме кај извесен Хисни. имаше повеќе соби, секоја со свое купатило, кујна и клима. не се луксузни баш апартманите, ама се пристојни, но пред се една од нај битните работи за мене е што се супер чисти. хигиената во самиот објект е на високо ниво.
ако сакаш ке ти пишам тел. во пп од човекот. само има проблем со разбирање. он знае само албански и грчки. керка му е таа што знае англиски.
цените беа за собите 20 евра, во нив има брачен и детски кревет, по желба ОДМА ти носат уште еден кревет, не она на расклапање како што праат скоро сите туку баш кревет, а да, не доплаќаш за тоа а ни за климата. имаше и како 2 собен апартман, значи 2 спални со брачен кревет и 2 клими за секоја соба. тој беше 30 евра, по желба ти носат детски кревети-единечни.
локациски:
незнам како да ти објаснам, ама начелно е во централниот дел од ксмаил, на главната улица е, а до него одма е хотел тирана. изгуглај на maps веројатно ке го видиш. жолт е објектот.. барем лани жолт беше...