летово направивме триста комбинации за меден месец и на крај искочи да идеме следниот ден после свадба во Хургада,во
Caribbean world resort.
Таму бевме 7 дена,бевме на сафари со посета на „Бедуините“,бевме и на „Рајскиот“ остров,видовме доста риби додека нуркавме,баш беше супер.Хотелот одличен,собата супер,таман како за меден месец,храната не беше којзнае колку добра,ама се јадеше и не останавме никогаш гладни.Пиење само од домашно производство,па освен пивото другото од алкохол за мене беше тиња.
После враќање,останавме само 1 ден во Скопје,да се спремиме за вториот дел од одморот,а тоа беше Цавтат во Хрватска.Букиравме 10 дена пред свадбата,па баш и не прочитавме ништо за местото,ни па нешто повеќе за смештајот.Искочи дека градчето и не е така пусто како што мислевме,баш има шмек некој интересен,мал е,ама има што да се види и да се прошета.Храната извонредна,цените малце поскапи од кај нас,додека пијалоците како кафе и сокови скоро и како кај нас.Бевме на 1 ден до Дубровник,изнајмивме скутер,не би препорачал идење со кола.Бевме и на тура со брод на трите острови после Дубровник,супер си пројдовме.Последниот ден отидовме и во винарија,си купивме и неколку вина од таму.Сите екскурзии ни ги понудија дечките кај што бевме сместени
Guest House Sol,и не згрешивме што ги послушавме.Топло ја препорачувам вилата кај што бевме,на 3-4 минути пешки е до центарот кај што е се,и е отворена годинава во Јуни.Се на се,вториот дел од одморот ни беше најдобар до сега
