Во Дубровник и околината имам отидено преку 20 пати на одмор, од кои барем 5 пати во последните 10 години. Практично пауза од неколку години имаше само заради војната и толку. Имам многу пријатели со кои редовно се дружиме уште од детските денови, а градот и околината (особено Елафитските острови) ги познавам многу добро. Од Цавтат до Пељешац се осеќам како дома.
Ако некој сака да оди таму на одмор, можам да му дадам контакт од моето традиционално сместување во Лозица (приградска и приморска населба на само неколку километри од градот), каде што сместувањето е значително поевтино, а има и мала симпатична плажичка одма прекопута. Поврувањето со Дубровник е неколкуминутно пријатно возење по многу убав пат. Доколку кажете дека Филип од Македонија ви го дал контактот, бидете сигурни дека ќе добиете најфер цена. Се работи за мини-апартманчиња во поткровјето на убава стара куња со феноменален поглед на устието на дубровничкото пристаниште. Кој ќе иде ќе се изнагледа фенси бродови и спектакуларни зајдисонца додека си го цепа пивцето на терасата.
Ако некој сака да биде баш во сред град, имам и за таму контакт - куќа во близина на хотел „Леро“ која е на walking distance ама од баш сите битни места во Дубровник. Навечер може да е галама докај полноќ, ама кој иде без деца - нема гајле. А кој иде за беснеење и дружба - идеално.
Овие две места ги предлагам затоа што на газдите и на двете места, од за мене мистериозни причини

им се симпатични македонци и
отворено ги преферираат наспроти босанци, италијани, чеси и германци. После војната релативно малку македонци идат таму на одмор па изгледа сме им егзотични.

Така да, ако некој сака таму да иде а нема организирано кај ќе седи и шо ќе праи - нека ми пише. Јас нема да можам оваа година да идам заради промена на работно место, но со ќеф би им учинил доколку некој клабер сака да иде таму на одмор.
Не заборавајте и дека има екстра кампинг шеми, на кој му е тоа филмот.. Прашајте се ќе ви објаснам.