да му се заблагодарам на Осмица за постот дека Сарти е тапа:)
бевме во Неа Мармарас,од 20-ти до денеска,одличен смештај за 35 евра,на 30 метри од игралиштето.плажата екстра што е према порто карас,30-40 посто пополнети лежалките,лабава музика,кафе од 2.5 до 4 евра(зависи каде).бевме и до портокали,интересно за гњурење со маски(затоа и отидовме),али не за подолг престој од 2 саати,пошто имаше прилично гужва.пројдовме и во сарти и местото е само за со мали деца,сега за сега не би престојувал таму.бевме 2 пати на каламици,феноменална плажа и барчиња,и супер карпиште за гњурење.на саат-два го посетивме и торони,плажиште невидено за одмор.одма е длабоко и немаше ич гужва,па имаш неверојатна комоција.влеговме и во порто куво(с),неам зборови.дефинитивно вториот крак е преубав,супер плажи,одлични патишта,многу интересно и живо градче е Неа Мармарас и го препорачувам за оние кои се без мали деца.