Ај и јас да се надоврзам на тема Албанија како дестинација за летен одмор...
Сакавме да ја смениме Грција како дестинација за фамилијарен одмор со две мали деца, со релативно ограничен буџетот за она кое го очекувававме од одморот. По неколку препораки од луѓе кои биле и си поминале убаво(според нивни критериуми), и со резервација на смештај по препорака (со слики на кои изгледаше ОК), комплет фамилијарно со две мали деца отидовме во Албанија, Ксамил. Поентата беше да имаме пристоен смештај, убава плажа до гз и убави кафанчиња/ресторанчиња каде ќе се храниме со морски работи. Нешто кое во Грција ќе не чинеше двојно според цените кои ни ги кажуваа оние кои ни го препорачаа Ксамил и Албанија воопшто.
И така се наткренавме со жена ми и двете мали деца да возиме 620km Скопје - Солун - Игуменица - Ксамил. Сабајле во 1 тргнавме, јас недоспан, едвај стигнавме, со 3 паузи за да преспијам по пола саат. За патот да не должам, познат е до Игуменица, што е и каков е. Потоа до албанска граница се вози по магистрален пат широк 6-7m, првите 5km по влагање во Албанија се асфалт, потоа се вози по неасфалтиран пат, направен од оние кои мораале да го возат за да стигнат со кола до дома/работа. Дури нема ни мост за премин преку канал широк 50m, но има дрвено сплавче за 3 коли со кое се преминува каналот и кое го наплаќаат по 3 евра за премин за странци и 1 евро за домашни. А има и варијанта да кружиш 30km.
Во Ксамил пак освен трите главни улички, нема ниту една асфалтирана улица, ако така можат да се наречат „улиците“. Прашање е дали џип ќе помине неоштетен од таму, а не пак лимузина ко мојата Мазда 6. Наоколу едно чудо срушени дивоградби, оставени нерасчистени по рушењето и кои го доловуваат духот на Кабул. Накусо најдобар опис на Ксамил е Кварт од Кабул на море.
И сето тоа ќе поминеше ако таму ме чекаше егзотиката на добра плажа со добар ресторан каде ќе лежам и ќе јадам добра морска храна по цел ден, навечер ќе спијам и нема да се замарам со околината.
Но наместо тоа наидовме на вештачки создадени плажи со кршење и дробење на карпите и донесен песок од непознат материјал кој ја гнаси (ја побелува и прави креч)водата и покрај „природната“ загаденост од несовесното население и никаквата урбанизација. Влегуваш до пола во вода и не си ги гледаш стапалата, а некаде не се гледаат и кога си до коленици во вода...Ѓубрето и фекалиите од кафичите завршуваат на 10-20m од „плажата“, па ѓубрето ја надополнува реата на усмрдена риба...Секако во водата плива и по некое шише, пластифицирани хартии и слично. А шутот бидејќи неможе да плива си лежи на дното, да се знае дека Албнија се „гради“. Ги разгледавме сите плажи во Ксамил и непосредната близина и секаде состојбата беше иста...Во продавниците постојано немаат електрична енергија, па не им работат фрижидерите и немаше продавница во близина од каде ќе им купам сладолед на децата, а кола за сладолед не кршам...Вечерта од 8 до 8:45 снема ел. енергија, па неможевме да се бањаме и да вечераме со децата. Тогаш решив дека никогаш повеќе во мојот живот нема самоиницијативно да престојувам во Албанија. Ќе престојувам само ако тоа ми го налага работата или друга виша сила.
Нормално, уште во првите два саати планот се разви во да преспиеме и сабајле пред да се раздени да си го фатиме патот за Грчка. Од таму отидовме на Халкидики на Касандра во Ханиоти, и тоа без резервиран смештај во шпиц на сезона. Едвај најдов смештај каков што ни одговара, а Ханиоти го избрав како компромис за Калитеа каде беше е пре-пре-натрупано и улиците беа преполни со коли. И во Ханиоти беше гунгула, ама шетавме по убавиоте плажи во околината. Буџетот не ни дозволи да се храниме цело време по кафани/ресторани, па добар дел и готвевме што е минус за одморот во кој сакавме да не се замараме со готвење и слично. Но се на се супер си поминавме бидејќи одморот го правевме најмногу за децата, а со нив задено се изнауживавме онака како што замислувавме.