Има ваљда и навечер кај да се прошета? Не дека многу ми е битно, сакам стварно да одмарам. 
Па сеа... не е некој светски епицентар на блудот и развратот, но има ресторанчиња и по некоја жива музика. Сепак, ако од летувањето бараш вечерни искачанки - look elsewhere. Сепак, Nea Moudania е на 15 мин возење, па ако ептен искризираш за алкохолизирани пичиња у миничи - има решение.
За одмарање е прва лига. Плажата е перфекција, има „урбанизиран“ дел со тегнење пиво под сунцобран, но има и не помалку убав „див“ дел каде што можеш, ако сакаш, да се изолираш километар од сите и да си уживаш како сакаш. Сите делови од плажата, вклучително и овие дивите, се лесно достапни со кола. Само земи си аутан или некој сличен антикомарцин од Скопје - тука е изгор скап! (20 евра спрејче!)
Пријатно сум изненаден од неоптовареноста на локалното население со Грчко-Македонскиот спор околу името. Домаќините сами ме прашаа од кој град во Македонија доаѓам.