За агенцијата незнам ништо, не сум од БТ. За плажата ретко кој ќе ти каже искрено како мене „да јас се заебав што бев љубопитен и изгубив половина скапоцен ден за да отидам да видам која е таа плажа Мегали Петра“
Првин патот е УЖАСЕН, тесен, стрмен полн со 360 степени кривини, враќање назад само кога ќе стигнеш до крај. Пази иронија на сред заебување по патот има знак дека истиот не е за возила за кампинг, незнам како се викаат на МК ... како еба*о сега тој авантуристички возач да се ВРАТИ, да вози ли во РИКВЕРЦ ... Да не праам муабет ако се сретнете со некој по пат ...
Оди си Кацизма, Порто Кацики, Егремни, Микрос Гиалос (преубаво место ама водата е грч) Агиофили а ако ви е сјебано за бањање некој ден отидете и од Никиана, таму е секогаш мирно морето и потопло. Нидри освен ако идете со некоја тура со брод и посакате да ги видите водопадите, друга причина не барај да одиш. Лефкада (градот) е 100 пати поубав и поинтересен.
Турата со брод за соседните острови Кефалонија, Итака ,. вреди да се иде, само се тргнува од Нидри (ние плативме 15 евра) исто така има и тура само на најдобрите плажи на островот Порто Кацики, Егремни и Агиофили за иста сума.
Тоа е тоа, ако те интересира нешто друго пиши.
Имате топ понуда за пивца во Лидл и за радлери, по супер цена во малечки стаклени шишиња.