Гојдо, да ти препорачам црвено море.
Јас обожувам топла вода во море. Благодети. Јас би сакал да посочам кон Египет и Црвеното море... Да ги образуваш децата со Немо цртаниот филм пред да одите во Шарм ел Шејк.

Водата во морето е 28 степени во Август, а во заливите за 1-2 степени повисока. А надвор 50 степени. Нема изгорен човек никаде! Ниту еден. Едноставно нема зрачење. Водата сериозно е точно таква за никогаш да не излезеш од неа, додека не почнат да бркаат во 7 саатот навечер. Базените имаат температура од 30 степени во 3 часот по полноќ. Нема поубаво чувство. Излегуваш од вода во 3, и не ти е ладно. Не мора пешкир. Едно од најубавите работи кои сум ги доживеал. Жив инсект да нема на 10км од тебе, корали, топла вода, плажа, услуга, јадење, тинтрање максимално на светов, игри... Децата да не си ги видиш 20 дена... од кина, театри, игралишта, забави, бесплатно јадење и пиење цело време, задолжени вагон луѓе околу тебе. Си ги играат децата цело време 24/7 да не ги видиш освен ако ти не сакаш нормално.
