фала на инфо,се ми е корисни и ќе се најде.на работа исто имам 4-5 колеги што веќе биле лани и порано,па имам доста информации,ама никад доста:)
ме интересира,преку Битола идеше или од кај Богородица?и како е со бензински по пат?што препорачувате,пошто ми е дизел колата,на која да полнам,Шел?ги има ли доста по пат?реално,колку км се проаѓаат на лефкада за 10 дена,300-400 или?
и ова,кое време е најдобро да се иде на плажа да се фати добро паркинг место?накај 10?
Од Битола си тргнав накај Лефкада.
Поминав точно 1000км се на се. Со пола резервоар стигнав таму (авео 1.2 бензин). Од Битола до Агиос Никитас поминав 380- 390 км. Кога ќе се приклучиш на новиот автопат (некаде од кај Птолемаида) немаш бензиска никаде се до исклучување од него, кај Јанина. Патот ти е лудило, само тунели и мостови, се вози цело време брзо. Саше што вика камери што сликаат, јас такви не видов. Имаше на 3-4 места мерат, ама како во Охрид, само брзина и ти вика да намалиш. Ова ти го кажувам дека цело време возев позади грчки коли и тие тоа го правеа, а јас по нив.
Иначе гориво најевтино ти е во Лефкада, главниот град. Јас се заебав турив бензин во Василики, таму беше 10центи поскапо. Иначе не се сомневај во горивата, кое и да е, се подобри од нашите доста.
Јас гледам да турам на некое звучно име и некоја подобра пумпа. Така да турав на BP, Shell.
За на враќање да не заборавиш пред Јанина имаш Икеа и огромно Џамбо. Во Икеа ние отепавме доста време и се освеживме добро. Моја препорака е да одиш преку Битола, заради границата. Немаш гужва, немаш малтретирање, немаш лепенки на таблиците итн.....