Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1386380 пати)

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1531
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8850 на: 12 Февруари 2025, 13:01:51 pm »
Клабери , ако може да споделите искуства добри/лоши за Пелопонез . Hydra beach resort  / Aks Porto heli ....
Гледаме има доста понуди за тoj дел .
Дали вреди да се вози 800 км



Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2304
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8851 на: 19 Февруари 2025, 14:48:43 pm »
Костур зимно време не се оди 😁

Сите кафанчиња покрај брегот се супер.
Пола фамилија ми е таму, дури моите имаа кафанче, ама се пензионираа и затворија пред година дена.

Нема да згрешиш кај и да седниш.

Резервирав едно ноќевање за крај на месецов, наредното ноќевање во Битола.
Ќе видиме како ќе е, запишав некои места:

Предлогот на @vladic3110 за Невестово (Nymphaio)

Street Food Junkies - она приколката за јадење
Pasatempos - ресторанче
Profitis Ilias Lounge Cafe - кафичот горе на ридот
Booogatsa - бугатца (солена/блага)
Zaza - кафуле
Jomo - гиро
Dolcho District - она маалото со турската архитектура

Отсутен Vwlover

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 586
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8852 на: 04 Март 2025, 19:40:20 pm »
Како помина во Костур, има ли нешто интересно периодов?

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2304
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8853 на: 04 Март 2025, 20:47:10 pm »
Како помина во Костур, има ли нешто интересно периодов?

Не сум бил сеуште, излегоа некои обврски периодов, па откажав и сместување.
Планирам да одам средина на месецов или сам почеток на април...

Присутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1908
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8854 на: 01 Април 2025, 11:54:50 am »
препорака каде да се иде грчка со мало дете 1 год
(услови да е блиску плажата и да е ситен песок, скопје локација ~320-350км), имате ли некој предлог од локација смештај ја хотел ја вила да предложите

Отсутен Charlie

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 205
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8855 на: 01 Април 2025, 12:18:48 pm »
препорака каде да се иде грчка со мало дете 1 год
(услови да е блиску плажата и да е ситен песок, скопје локација ~320-350км), имате ли некој предлог од локација смештај ја хотел ја вила да предложите
Неи пори


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Fizzbuzz

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 77
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8856 на: 01 Април 2025, 12:19:31 pm »
препорака каде да се иде грчка со мало дете 1 год
(услови да е блиску плажата и да е ситен песок, скопје локација ~320-350км), имате ли некој предлог од локација смештај ја хотел ја вила да предложите

Ostria Sea side хотел во Ханиоти. Убав хотел со лифт, ресторан и нивна (мала) плажа. Паркинг е малку проблем, имаат неколку нивни места ама можеш да го оставиш клучот од колата на рецепција и тие ќе ти ја поместат да ти најдат асално место.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2196
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8857 на: 01 Април 2025, 12:41:40 pm »
препорака каде да се иде грчка со мало дете 1 год
(услови да е блиску плажата и да е ситен песок, скопје локација ~320-350км), имате ли некој предлог од локација смештај ја хотел ја вила да предложите
Амудија на Јонско море. Вила Елва. Домаќините се ептен фини. Лани бевме малио мој 1 година имаше.
Залив е плажата е со многу плиток пристап, плус имаш и сенки од дрва малку поназад. Мало место ама има се шо ви треба. Немаш гужви, реално кола не ти ни треба дури сте таму.
Навечер е пријатно за прошетка .Мирно место за одмор. Плус можите навечер до Парга или Врахос да прошетате. Не знам од Скопје колку иди подалеку ама од таму до Битола за 3ипол саати се стига со малку побрзо возење. Не ни застанав негде на враќање заспан беше малиот.  До Кожани е автопат каде без проблем 140км/ч се вози, во тунелите малку поспоро. 
« Последно менување: 01 Април 2025, 12:47:57 pm tomaso »

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2399
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8858 на: 01 Април 2025, 12:55:03 pm »
Има ли некој да понуди смешатај на лефкада за двајца после 15јули?

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14211
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8859 на: 01 Април 2025, 12:55:14 pm »
Букирав одмор на Euboea островот, ама некако се премислувам за со деца. Се убаво сместувањето ама сме на дива плажа, ништо околу нас, а и ги гледам патиштата тро лоши :)

Ако има некој искуство нека каже и/или дајте ми идеа за добра плажа. Краците ми се смачија, за овие Олимп ќе одам сигурно некаде крај на август.

Не знам Крф дали е добро за со деца и каде има убави Blue flag плажи. Гледав на нет, ама некој ако има искуство местенце со големи плажи и каде да се прошета навечер со двајца Талибанци нека сподели :) да го откажам овој аранжман и да букирам нешто друго.

А да и друга битна работа - одам од 24 јуни така што ако е ладно морето (пример викаат Јонско било по ладно) да барам друго чаре.

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2304
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8860 на: 01 Април 2025, 13:33:51 pm »
Euboea е Eвија  :)

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2304
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8861 на: 01 Април 2025, 13:34:25 pm »
препорака каде да се иде грчка со мало дете 1 год
(услови да е блиску плажата и да е ситен песок, скопје локација ~320-350км), имате ли некој предлог од локација смештај ја хотел ја вила да предложите

Немам деца (сеуште), ама Торони на Ситонија.
Уживанција.

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1045
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8862 на: 01 Април 2025, 13:51:53 pm »
Немам деца (сеуште), ама Торони на Ситонија.
Уживанција.

Убаво место за со деца, ама многу возење + комарците пепел прават. :D

Отсутен mac_mk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 58
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8863 на: 01 Април 2025, 16:41:46 pm »
Букирав одмор на Euboea островот, ама некако се премислувам за со деца. Се убаво сместувањето ама сме на дива плажа, ништо околу нас, а и ги гледам патиштата тро лоши :)

Ако има некој искуство нека каже и/или дајте ми идеа за добра плажа. Краците ми се смачија, за овие Олимп ќе одам сигурно некаде крај на август.

Не знам Крф дали е добро за со деца и каде има убави Blue flag плажи. Гледав на нет, ама некој ако има искуство местенце со големи плажи и каде да се прошета навечер со двајца Талибанци нека сподели :) да го откажам овој аранжман и да букирам нешто друго.

А да и друга битна работа - одам од 24 јуни така што ако е ладно морето (пример викаат Јонско било по ладно) да барам друго чаре.
Крф бев лани на почеток на Јули, водата беше камен, така да со мали деца тој период дефинитивно не би препорачал.

Sent from my SM-S921B using Tapatalk


Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5711
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8864 на: 01 Април 2025, 16:47:38 pm »
Зависи колку се Охрид капени, ако им е топло во езерото и во Јануари ќе им е топло на море :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html