Епа клабери, дојде време да ја мислам за автомобилска асистенција на пат.
Гледав во Сава, во Триглав, во АМСМ...
Се одлучив за српската апликација Vozzi, пакет EU1. Уште не сум ја купил.
Цена - 2500 денари за цела година (не е врзано со полисата за осигурување, нормално).
Oвде можете да видите што нуди пакетот:
https://mk.vozzi.app/mk/pretplata-za-pomos-na-pat/eu1-paket/_________________________________________________________________________________
Tериторијална покриеност во земји:Р. Србија (вклучувајки го и Косово), Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Хрватска (вклучувајки ги и островите), Словенија, Романија, Грција (вклучувајки ги и островите), Албанија и Унгарија.
Услуги на територија на горенаведените земји:1x Во случај на квар или сообраќајна незгода oбезбеден е пренос на возило од странство до адресата на живеење, вклучувајќи и обезбеден превоз на сите патници
1x Шлепање на возило до најблискиот сервис и дијагностицирање на кварот
1x Помала поправка на возило на патот, до 1 работен час
1x Поправка на возилото во сервис до 100 евра
1x Хотелско сместување до 48 часа во максимален износ до 50 евра по особа на ден, во текот на траење на поправка на возилото
1x Продолжување на патување со автобус или воз на сите патници од возилото во вредност до 50 евра по патник
Услуги на територија на Република С. Македонија:1x Шлепање на возило со неограничена километража со превоз на сите патници
Во случај на квар на возило или сообраќајна незгода, обезбедена е услуга на пренос на возило на територија на Република С. Македонија со обезбеден превоз за сите патници од возилото со неограничена километража.
1x Шлепање на возило до 40 километри
Во случај на квар или саобраќајна незгода, обезбедена е услуга на шлепање на територија на Република С. Македонија до 40 километри. Вкупната километража се пресметува од вашата локација каде е побаран сервисот за шлепање до договорената дестинација.
2x Помала поправка на пат до 40 километри
Oбезбедено излегување на терен на сервсерот за брзи поправки на возилото на вашата локација (помала механичка поправка, акумулатор, поправка или замена на пневматик, дотур на гориво) на територија на Република С. Македонија до 40 километри.
Трошокот на резервните (заменски) делови, како и за гориво, ги поднесува корисникот на услуга. Вкупната километража се рачуна од локација на сервисерот до вашата локација каде што е побаран сервисот. Системот автоматски го следи партнерот поради транспарентност на комплетната услуга. По завршување на сервисот, на емаил адресата која сте ја навеле при регистрацијата, ке добиете извештај за помината километража и траењето на сервисот.
1x Хотелско сместување до 48 часа
Oбезбедено е хотелско сместување за сите патници од возилото во траење од 48 часови и во вредност до 50 евра по патник, доколку се врши поправка на возилото во сервис (трошокот за поправка на возилото ја поднесува клиентот).
1x Паркинг до 48 часа
Oбезбеден е паркинг (во случај на потребен увид, осигурателна проценка, чекање на испорака на заменски делови, итн.) во траење до 48 часа.
___________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
- Vozzi работи на принцип на посредници/партнери т.е си имаат договори со механичари/влекачи и излегуваат на терен по твоја дојава.
https://mk.vozzi.app/mk/partneri/- Исто, добро е што пакетот не се врзува за автомобилот, туку за претплатникот (можеш да повикаш помош доколку се наоѓаш во туѓо возило).
- Горните точки важат само за една употреба (или две, во зависност од пакетот).
Пример, доколку ја искористиш услугата
1x Во случај на квар или сообраќајна незгода oбезбеден е пренос на возило од странство до адресата на живеење, вклучувајќи и обезбеден превоз на сите патници не ти е достапна во пакетот, а ти остануваат сите други. За истата услуга да ти биде пак достапна, мислам дека се докупува посебно или да го обновиш цел пакет.
https://mk.vozzi.app/mk/najcesto-postavuvani-prasanja/- Како што разбрав, апликацијата работи на принцип на Убер. Си викаш сервис и на мапа гледаш каде е тој што иде да те „спасува“. Доколку немаш интернет на мобилниот, се јавуваш на дежурниот број (работи 24h) за да им дадеш локација и да ти испратат помош. Еве еден скриншот од апликацијата каде ги дава достапните сервисери/партнери на апликацијата:
Mалку топшоповски може ќе ви се чини постов, ама чисто информативно сакав да ви доловам од она што јас го читав деновиве, се надевам на некој ќе му помогне. Се убив споредувајќи пакети во нашите осигурителни компании.