Како што вели
@ficomk , врзана е со возачката. Јас поради тоа имам извадено меѓународна со важност од 2 месеци. Ми напоменаа кога ја вадев дека само 2 месеци ќе ми важи но ми беше потребна и ја извадов.
Што се однесува за потребата од меѓународна, досега само еднаш ми ја имаат побарано и тоа на Хрватска граница. Се налути цариникот оти некој свирна позади мене и ми ја побара. Во Грција никогаш не ме застанала полиција, ниту пак на граница ми побарале меѓународна. Но за 900 денари не му се думам, нека стои в кола поради случки како таа на Хрватска граница.